Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое ги обработуваше сите возможни и невозможни проблеми на денешницата, слушнале за д-р Фил. Тип со мустачиња, остроумен, со паметни совети и со стратегија за решавање на проблемите – сигурно го знаете.

ЦБС сними серија за него, и тоа за кариерата пред онаа кога стана ѕвезда на „ток-шоу“, а таа серија токму сега доаѓа на Пикбокс. „Бул“ можете ексклузивно да ја следите од 21.9., само по 24 часа од премиерното прикажување за американската публика, а во главната улога не е никој друг туку ѕвездата на „Нејви-ЦИС“, Мајкл Ветерли.

Кариерата на д-р Фил пред „Шоуто на Опра“

Мајкл Ветерли повеќе не е агентот Тони Динозо од серијата „Нејви-ЦИС“, туку се зафати за сосема различна улога – онаа во која игра познато ТВ лице, д-р Фил Мекгроу, кој прерасна во одличен познавач на човековиот ум во „Шоуто на Опра“. Пред Опра да го прослави Фил глобално, и тоа зашто ѝ донесе победа во некоја адвокатска сапуница, овој психолог имаше интересна кариера која стигнува во областите на консалтинг и адвокатски услуги.

foto-1_-bull

Ветерли во серијата „Бул“ го игра Џејсон Бул, човек што е сопственик на една компанија која развива стратегија за одбрана на клиентите на начин што длабински ја анализира поротата.

Вистинскиот д-р Фил е чесен човек, фиктивниот – малку надвор од законот

Со брутална искреност, д-р Фил е вистински магнет за жените, поседува интелигенција што разоружува, шарм и дрскост, а ги чита луѓето како отворена книга. Мајсторски ги комбинира психологијата, интуицијата и современата психологија за да проникне во мозоците на сите оние што се наоѓаат во судницата: поротниците, адвокатите, сведоците, обвинетите…

Мекгроу, којшто е и извршен продуцент на серијата, изјави дека Ветерли ѝ носи многу хумор на улогата, но дека оваа серија не е биографска, туку е инспирирана од неговиот лик. Така, д-р Фил ни порачува дека оние три закони што Џејсон Бул успева да ги прекрши веќе во првите минути на епизодата, тој никогаш не ги кршел во својата долга и интересна кариера.

BULL

Не е на Тим, туку тим на Фил

Фил има свој супер тим кој експресно ги решава сите проблеми до последен детаљ, а актерите што играат рамо до рамо со Ветерли се: Фреди Родригез, Џенива Кар, Џејми Ли Киршнер, Анабел Атанасио и Крис Џексон.

Сценариото за оваа долго очекувана серија, чии нови епизоди ќе можете да ги следите секоја недела на Пикбокс, го напиша токму д-р Фил, а му се приклучија Пол Атанасио, човекот што го напиша сценариото за „Дони Браско“, како и Родриго Гарсија, кој ја режираше серијата.

Гледајте ги на Pickbox и во склоп на Pickbox во видеотеката на Max tv

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГрафити како гоблени ги красат шпанските улици!
Следна објаваМагијата на есента
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ