За оние со авантуристички дух секогаш постои начин и најобичното место да се доживее поинаку. Меѓутоа, пустината Мохаве не е обично место. Бескрајниот простор исполнет со разни ендемски видови на животни е убав на свој начин.

Со изглед како од научно-фантастичен филм, уметникот Andrea Zittel го направил проектот Wagon Station Encampment кој што овозможува необично искуство во пустината Мохаве.

1

Овој проект е составен од 12 мали кабини кои што се опремени со најнеопходното: душек, две полици, простор за чување на облека како и отвор и прозорец од кој што може да се набљудува пустината и небото над неа.

Исто така постои и заеднички простор во кој што спаѓа кујна и бањи. На тој начин посетителите можат да запознаваат нови луѓе и да се дружат или пак да поминуваат време сами во сопствената кабина.

Овој камп е отворен за јавноста два пати во годината. Една кабина може да биде резервирана за 100 долари, но прво треба да се пополни апликација која чини 20 долари и да се добие одобрување.

2 3 4 5

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР