Рене Зелвегер повторно со љубовни проблеми.

bridgetjonesbaby_img1_big

По една деценија во емотивната пустина, омилената соло девојка се враќа назад на големите платна во „Бебето на Бриџит Џонс“. Во новиот филм на режисерката Шерон Мегвајар, снимен според бестселерот „Луда по него“ на Хелен Филдинг, главната хероина е во благословена состојба. Актерката Рене Зелвегер ќе ја гледаме повторно во нејзината позната улога на Бриџит Џонс, соочена со љубовен триаголник и една голема дилема – кој е таткото на нејзиното бебе?

bridgetjonesbaby_img2_big

bridgetjonesbaby_img3_bigПо разидувањето со Марк Дарси (Фирт), планот на Бриџит (Зелвегер) „среќни до крајот на животот“ не оди како што треба. Повторно сама во четириесеттите, одлучува да се фокусира на својата работа како топ продуцент на вести и да се опкружи со стари и нови пријатели. Конечно, Бриџит држи се’ под контрола. Што може да тргне наопаку? Тогаш во нејзиниот љубовен живот ќе дојде до пресврт и ќе го запознае маркантниот Американец Џек (Демпси), додворувач кој е сосема поинаков од г. Дарси. Во неочекуваниот пресврт, таа ќе остане бремена, но постои еден проблем… Може само 50 насто да биде сигурна кој е татко на бебето.

bridgetjonesbaby_img4_bigbridgetjonesbaby_img5_bigПремиерното прикажување на „Бебето на Бриџит Џонс“ пред македонската публика бешe на 15.09.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРакетна масичка за разиграни умови на малите и големите!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (19.09 – 25.09)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ