Сместен во прегратките на Pearl Brewery, Сан Антонио, се наоѓа хотел за вистинските љубители на историјата.


0

Зградата на некогашната фабрика, а денешниот хотел, е изградена во 1894 и е дизајнирана од August Maritzen во „Second empire“ стилот. 


Hotel Emma покрај русичната атмосфера, нуди и бајковити мигови поминати низ огромните елегантни ходници, читајќи книга покрај огромните прозорци, воодушевувајќи се на уникатните предмети наоколу кои се колекција на многуте авантуристични патувања и чувствувајќи го добриот стил на домаќинот, со доза на мистерија поради неговата отсутност.1

Рустичниот камин го симболизира срцето на лобито. 


Но која е таа мистериозна Ема? 

Emma Koehler е сопругата на сопственикот на Pearl Brewery, Otto Koehler. По неговата смрт, огромната фабрика ја наследува Ема во 1914 и таа успешно работи се до 2001. Дури во 2015 двајца дизајнери од Њујорк, Robin Standefer и Stephen Alesch, направија концепт за уредување на целата област, ставајќи акцент на стариот 146-собен хотел. Играјќи си со стиловите на Мексико и Јужна Америка и додавајќи нежен акцент од Источна Европа, хотелот го добива вистинскиот винтиџ сјај кој го заслужува.

Лобито на хотелот во времето кога функционирала фабриката служело како просторија каде се чувале моторот и главните машини. Денес оваа огромна просторија изобилува со метални конструкции и дрвени скелиња, кожни гарнитури за седење и елегантни ноќни масички. Огромниот традиционален камин значително допринесува за автентичниот рустичен стил. 3

Специфичните детали во ентериерот го експресираат индустријалистичкото минато на зградата.


Но, кога зборуваме за вистинското богатство на хотелот, без трошка сомнеж ќе посочиме на огромната библиотека. Позади големите стаклени врати се наоѓа оваа соба со пополнети полици на колекцијата на Sherry Kafka Wagner, кој ги донирал своите книги, продолжувајќи им го животот на пишаните зборови на жолтите страници.

4

Гостите пред да се сместат се поканети во библиотеката на маргарита.


Хотелот располага со гурмански ресторан, бар, богата продавница за кафе и слатки, како и малечок бутик. 5

Продавницата за слатки и кафе во хотелот.


6

The Sternewirth bar ги нуди најдобрите коктели во регионот.


7

Често можете да ги забележите и спиралните железни скали, кои се комплетно зачувани од времето на фабриката.


8

9

Спалните соби се наоѓаат на горните катови, изобилувајќи со луксуз.


НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР