ОВЕН

Работа –  Имате силна потреба за докажување. Во текот на оваа недела можете да направите поголема промена во својата кариера. Новото опкружување ви ја буди енергијата, полни сте со идеи.

Љубов – Јасно знаете што сакате во врската која трае. Ве обзема одушевување и силна желба за заедништво со одередена личност.

Здравје – Добро се чувствувате.

БИК

Работа – Биковите треба да се посветат на решавањето на деловните проблеми од минатото. Колку побрзо ги решите тие проблеми, толку побрзо ќе влезете во нов успешен деловен период, кој ќе ви донесе подобри финансиски резултати.

Љубов – Доколку ви пречи некоја важна разлика помеѓу вас, дајте си уште време – на вас и партнерот. Се појавува една млада личност во вашиот живот.

Здравје – Работете на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Ќе ви биде многу интересно а воедно и од корист, знаењето кое ќе го добиете оваа недела. Работите полека доаѓаат на свое место, како и што очекувавте.

Љубов – Многу од вас размислуваат за старата љубов. Секако дека е нагласено се она што во себе ја има симболиката на минатото. Избегнете кавга во бракот или во долгата врска.

Здравје – Хранете се поздраво.

РАК

Работа – Исклучително добар период за патување во странство и некое ново искуство.

Љубов – Вистинско освежување во вашиот љубовен живот би била личност со  несекојдневна професија.

Здравје – Добро се чувствувате.

ЛАВ

Работа – Успешно ќе ги завршите сите професионални задачи, започнати оваа недела. Ви следи почеток на голем успех, под услов својата внатрешна енергија да ја насочите позитивно.

Љубов – Ова би можело да биде тежок период за тие во брак или  долги врски, доколку не дојде до подобрување на односите.

Здравје – Оваа недела, здравјето ви е одлично.

ДЕВИЦА

Работа – Довршете ја започнатата работа, ќе имате подршка од колешките со кои соработувате. Ви следи успех.

Љубов – Кај повеќето Девици се уште е актуелна старата љубов, која во вас ја буди довербата, комоцијата и стабилноста.

Здравје – Мала главоболка.

ВАГА

Работа – Спремно прифатете ги објективните случувања, воспоставите добар контакт со соработниците и ќе ја добиете нивната искрена подршка.

Љубов – Случајни средби и познанства, можеби и на работа, најмногу ветуваат. Се ви оди од рака и на вашиот животен пат ја носат вистинската љубов.

Здравје – Хранете се поздраво.

ШКОРПИЈА

Работа – Во соработката со претпоставените, резултатие доаѓаат побрзо од очекуваното – што ве радува и ви дава поголема самодоверба.

Љубов – Влегувањето во тајна врска, ќе ви овозможи да ја заборавите старата љубов. Не ви се препорачуваат личности кои не знаат што сакаат од вас и од својот живот.

Здравје – Повеќе вежбајте.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Тие кои имаат приватен бизнис, можат да очекуваат подобрување. Прилив на пари ви следи оваа недела.

Љубов – Не знаете што сакате. Бидете понежни со својот партнер за да не ја изгубите сигурната љубов и тло под нозете.

Здравје – Можна алергија.

ЈАРЕЦ

Љубов – Сега ја имате можноста да ја исправите неправдата која ви е нанесена на работното место.

Љубов – Доколку подолг период сте раздвоени од партнерот, најдете начин да се сретнете (далеку од очи, далеку од срце).

Здравје – Повеќе пешачете.

ВОДОЛИЈА

Работа – Преку деловни соработници од странство, ви следи прилив на пари. Гледајте паметно да ги вложите во сопствен бизнис.

Љубов – Долго време сте осамени, но наскоро повторно ќе бидете во друштво со партнерот.

Здравје – Добро.

РИБИ

Работа – Внимавајте на односот со колегите, како сите да ве нервираат. Не ви се добри аспектите ако често влегувате во конфилкти со нив.

Љубов – Не идеализирајте, потрудете се пореално да ја видите својата емотивна ситуација, да видете што можете да очекувате, без големи планови.

Здравје – Посетете го стоматологот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава? Fuggerei–градот од соништата
Следна објаваХит бои за есенската сезона
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР