17Скандинавската естетика може да биде применета во секакви простори, со различна големина или намена. По скандинавските дневни соби, спални соби и трпезарии, овојпат ви прикажуваме низа примери за уредување на уште едно катче во животниот простор – домашната канцеларија. Динамичното животно темпо наметнува потреба од работно катче и во домот, каде ќе може да се извршат дополнителните работни обврски или складираат документите и неопходните реквизити. Во малите станбени објекти е невозможно да се издвои поголема и посебна површина за канцеларија, но секако може од минимумот слободен простор да се создаде стилизирана работна површина со целосно функционална намена. Во продолжение, погледнете ги нашите 25 убави и инспиративни предлози со скандинавска тема и пронајдете ја омилената идеја за уредување на работното катче и во вашиот дом.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРанци од волна со крилја!
Следна објаваНајубавите 10 венчаници на славните во 2016 (до сега)!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ