Beyoncé наполни 35 години – 5 најдобри мотивирачки цитати од неа!

Најголемата светска поп sвезда и дива Beyoncé го прослави својот 35. роденден, на врвот на својата моќ како музички изведувач, модна икона, мајка и борец за социјална правда. По тој повод, најдовме неколку нејзини цитати кои би можеле и вас да ве мотивираат, како што никој, никогаш не го направил тоа до сега.

Овие 5 мотивирачки цитати од Beyoncé можеби ќе ви го сменат животот – ако не животот, тогаш може да ве потикнат на размислување…..

“Кога не се чувствувам најдобро, се прашувам – што да направам во врска со ова?  – Секогаш ќе ја искористам негативноста за потик и трансформација која ме прави уште подобра.”

“Немам потреба да им угодам на сите. Се чувствувам слободна. Се чувствувам како возрасна личност. Јас сум возрасна. Можам да правам што сакам. Јас можам да го кажам тоа што сакам да го кажам. Можам да престанам ако сакам. За сето ова, напорно работев. “

“Мислам дека сум современа феминистка. Јас верувам во еднаквост. Зошто морате да одберете кој тип на жена сте? Зошто морате да ставите етикета на себе? “

“Жените мораат да најдат време и да го посветат на своето ментално здравје – најдете време само за себе – без чувство на вина и себичност.”

“Сите ние, не сме совршени. Како секој човек, важно е да се концентрираме на другите квалитети сем надворешната убавина.”

beyonce-birthday-clinton-obamas

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовремен стил над класичната рококо позадина!
Следна објаваНовите хит торби доаѓаат!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР