Астрофизичар, космологист, автор на многу книги-истражувачки стории-документарци.
Маж, сопруг, татко на две деца.
Човек.
Нил деГрас Тајсон на наједноставен начин зборува кои 8 книги мора да ги прочитате во животот за да ги научите основните правила на истиот:

1-1

1. Библијата
За да научите дека е полесно да Ви каже некој што да мислите и да верувате наместо да размислите сами.

2. Систем на светот, Исак Њутн
За да сфатите дека Универзумот може да се осознае.

3. Потекло на видовите, Чарлс Дарвин
За да се погледне нашето сродство со целиот живот на Земјата.

4. Гуливеровите патувања, Џонатан Сфифт
Покрај сите сатирични лекции, да видите дека сите луѓе се нељубезни, бучни и насилни.

5. Доба на разум, Томан Пејн
Знаете, моќта на рационалната мисла е основен извор на слобода во светот.

6. Богатството на народите, Адам Смит
За да се научи дека капитализмот е економија на алчноста, сама по себе сила на природата.

7. Уметност на војувањето, Сун Цу
За да се научи дека чинот на убивање други луѓе може да биде издигнато до ниво на уметност.

8. Владетелот, Николо Макијавели
Да се сфати дека луѓето што не се на власт ќе направат се` за да ја добијат, а луѓето кои ја имаат ќе направат се` за да ја задржат.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 нови парфеми за есен
Следна објаваСите гледаа во Naomi Campbell на модната ревија на Versace!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР