ОВЕН

Работа – Ќе ве следи одлично расположение на работа во текот на оваа недела. Идеите не ви се лоши, кога станува збор за решавањето на деловните ситуации околу финансискиот дел.

Љубов – Имате големо сугестивно влијание над партнерот. Премногу сте интуитивни во приказните со емоциите. Сами нема да бидете.

Здравје – Водете здрав начин на живот.

БИК

Работа – Ве мачат одредени дилеми, кои не ги свативте озбилно во прв момент. Чувствувате потреба нешто да поправите.

Љубов – Некој ви се меша во врската и почнува да ве иритира со своето присуство. Се спремате за силна емотивна расправија.

Здравје – Мала настинка.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Наспроти лошите сегменти во вашиот бизнис, вие останувате на пазарот. Сугериравте непромислени промени и за тоа ќе се чувствувате непријатно.

Љубов – Партнерот по малку се лути на вашиот арогантен став. Бидете повнимателни со чувствата кон блиската личност.

Здравје – Внимантелно однесување за хронично болните.

РАК

Работа – Имате одлична соработка со клиентите што се гледа и на деловен план, кој сега ви оди подобро. Не пропуштајте ги деловните шанси пред вас, ќе добиете поголем бенефит.

Љубов – Ве привлекува личност од вашето минато, но вие не знаете дали да и дозволите повторно да влезе во вашиот живот.

Здравје – Намелете го стресот.

ЛАВ

Работа – Нешто пропуштивте и успехот ви избега за влакно. Малку ќе тапкате во место, но резултатите нема да изостанат.

Љубов – Нема да бидете расположени за излагања и дружења, во кои можете некого да повредите.

Здравје – Главоболка.

ДЕВИЦА

Работа – Другите луѓе ве доживуваат како голем мудрец и вие во суштина тоа и сте. Многу ве праќуваат за совет и несебично го давате.

Љубов – Емотивната страна е повеќе поврзана со полето на страстите. Бидете потполно опуштени во своите намери и можно е нешто да се случи.

Здравје – Зголемено лачење на хормоните.

ВАГА

Работа – Идејата која ќе ја спроведете многу брзо, ќе ви донесе решение за деловните ситуации во наредниот период. Свесни сте колку вредите па така и се однесувате.

Љубов – Овој пат ќе бидете поотворени во разговорот со својот партнер и ако треба ќе минете повеќе километри за да се случи нешто конкретно.

Здравје – Оставате впечаток на здрава личност.

ШКОРПИЈА

Работа – Вашата гордост не дозволува поголема деловна соработка со личност која е спремна отворено да се постави кога се во прашање нови предизвици.

Љубов – Не треба да сте сами. Се чувствувате изолирано. Излагајте почесто, дружете се.

Здравје – Вежбајте, тренирајте….бидете поактивни.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Наспроти моментално лошите деловни сегменти, вие не се давате. Вие со вашите непромислени промени, ја сугериравте целава непријатна ситуација.

Љубов – Не се однесувајте арогантно кон партнерот, внимавајте на неговите чувства.

Здравје – Хронично болните да бидат внимателни.

ЈАРЕЦ

Работа  – Не се разочарувајте, без разлика на лошата деловна ситуација, вие сте способни и знаете како да се извлечете од неа.

Љубов – Заљубени и среќни, не сте ни свесни што всушност ви се случува во емотитивните односи.

Здравје – Обидете се да ја поправите крвната слика.

ВОДОЛИЈА

Работа – Во суштина вие сте личност која добро ги согледува деловните потези на својот шеф,па во тоа име, се чувствува и поголема доза на манипулација на која нема да се согласите.

Љубов – Емотивно се чувствувате неисполнето, но гледајте тоа не го ставате во прв план.

Здравје – Немате поголеми тешкотии.

РИБИ

Работа – Забрзано ги решавате своите финансиски проблеми. Ќе запознаете интересна личност која ќе ви помогне да ги дофатите sвездите со својот деловен статус.

Љубов – Сакате да решите некој проблем – доколку се работи за партнер кој е премногу тежок карактер. Се обидувате да се ослободите од тие стеги.

Здравје – Се чувствувате добро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да победите во расправија?
Следна објаваИдила на швајцарските Алпи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР