Pickbox никогаш не спие кога се работи за нови серии, па одлучи да ве изненади со најголемата тура новитети кои пристигнуваат уште од 1 септември. Освен сериите Бесни кучиња и Моќ, чии нови епизоди можете да ги гледате на Pickboxпо 24 часа од емитувањето во Америка, за септември подготвивме и десет сосема нови серии што ќе ве однесат во далечни светови. Ноќна смена го носи лудилото на итната помош во Сан Антонио, Играч го носи опасниот свет на обложувачите кои се коцкаат со човечки животи, Водолија нуди увид во раните години на Чарлс Менсон, додека Чета Икс е врвен шпионски трилер од времето на Втората светска војна. Меѓу премиерите што оваа есен воопшто не смеете да ги пропуштите, спаѓаат и Расипан град, Скорпион, Американска готика, Скандал, Црникаво и долго очекуваната Бул,чија прва епизода пристигнува на 21 септември, само по еден ден од американската премиера.

FOTO 1 _ 12 premieri na hit serii COVER
Скорпион (Scorpion)

Видеонајава:

Ајнштал имал коефициент на интелигенција од 165, а коефициентот на Волтер О’Браен е 197. Поради тоа што за генијалци како него е глупаво залудно да се расфрлаат со умот, тој се здружил со други генијалци (кои воедно се и многу чудна екипа), па со своите вештини тие создаваат мрежа за одбрана против разните закани на модерното време. Серијата што ја гледале 26 милиони луѓе е снимена според вистинскиот живот на Волтер О’Брајен, човекот кој на 13 години ја хакирал НАСА, пораснал во Ирска, дошол во Америка и моментално поседува компанија по име „Скорпион“. Ако некогаш сте се прашале како би изгледало бубачите да го спасуваат светот, сега е вистинското време да ги запознаете Волтер и дружината. На Pickbox пристигна првата сезона, а втората доаѓа веќе на 19 септември.

Водолија (Aquarius)

Видеонајава:

Обожаватели на Молдер, конечно е време да здивнете! Дејвид Духовни се врати и тоа во ликот на Сем Ходијак во детективската приказна Водолија. Дејството се одвива во шеесеттите години, градовите се полни со хипици и со добра музика, а изгледа дека Ходијак е единствениот тип што не е во тој слободен фазон и повеќе сака да брка криминалци. Ако се запрашавте каде е Чарлс Менсон, дали и понатаму е на робија поради своите монструозни злосторства, првата сезона на оваа серија ќе ви дадат увид во тоа како се создавал неговиот култ. Серијата успешно го отсликува општеството на доцните шеесетти години од минатиот век, од една страна тука е хипи-утопијата, а од друга е војната во Виетнам, а од трета е бизарното семејство Менсон. Сѐ во ретро-атмосфера, а Духовни е подготвен да му го скине вратчето на секој криминалец што ќе дава отпор.

NUP_166196_1723.JPG

Скандал (Scandal)

Од работилницата на Шонда Рајмс, на Pickbox пристигнуваат нови сезони на драмата за кризниот менаџмент и жената која знае како да профитира од скандали. Се работи за серијата „Скандал“, а мајсторката за туѓи проблеми и за нивното поправање е Оливија Поп (Кери Вашингтон). Ликот на Оливија делумно се заснова на Џуди Смит, жената која била задолжена за односите со јавноста во администрацијата на Џорџ Буш, а сега е извршен продуцент на серијата. Ако сакате да дознаете како се кријат тајните пред да излезат, како функционираат политичките елити и кои заткулисни игри се водат во тој свет, оваа серија е вистинска бонбона. На Pickbox тукушто стигнаа четири сезони од серијата.

123741_0511

Играч (The Player)

Видеонајава:

Од продуцентот на „Црн список“ пристигнува серија со уште повеќе адреналин, пукање и бркотници. Овој пат во игра не е Рид, туку Алекс Кејн (Филип Винчестер), кој води битка со времето и е дел од изопачена игра која вклучува убиства, нивно спречување и група богаташи кои се обложуваат на сето тоа. Ако и понатаму сте имуни на овој опис, треба да го видите префриганото лице на Весли Снајпс, кој го игра таинствениот г. Џонсон со неговата улога во монструозната игра на која е тешко да ѝ се фати почетокот и крајот. Достапна е целата серија.

 

Бесни кучиња (Mad Dogs)

Видеонајава:

Група пријатели во Централна Америка не ги чека одмор од соништата, туку нешто што повеќе наликува на пекол. Она за што не се подготвиле а требало е трката со времето, многу валкани пари и луѓе со опасни намери. Тука има дрога, украдени јахти, убиства и повеќе живописни криминалци отколку што ги има и на Балканот.

Како овие средовечни ликови со пријатен и рутински живот ќе се снајдат оставени сами на себе, дознајте во црната комедија која ќе ве изненади на неколку начини. Треба само да му побегнат на човекот во костим на мачка и сѐ ќе биде во ред. Или не? Се препорачува да се гледа во мрак.

Ноќна смена (The Night Shift)

Видеонајава:

Сите љубители на докторските серии можат да здивнат затоа што на Pickbox пристигнува Ноќна смена, и тоа целосната серија. Ако ви се допаднаа „Ургентен центар“, „Вовед во анатомија“, а во срцето ви влегоа и разиграните „Стажанти“, оваа серија е за вас, зашто и покрај сите сериозни болести и несреќи со кои се справува екипата, тука има и доза на хумор, лудило и перипетии кои болничките ходници ги претвораат во полигон за лични препирки и за меѓусебни докажувања. Екипата од млади лекари, кои го стекнале искуството во бруталните услови во Авганистан, во болницата во Сан Антонио ги среќаваат најтешките можни случаи. Нема страв и колебање. Секој случај се решава експресно, а шиењето глава за овие ликови е ептен лесна работа.

 

Чета Икс (X Company)

Видеонајава:

„Чета Икс“ е шпионски трилер за Втората светска војна и за луѓето што на брегот на езерото Онтарио работат на најтајната можна операција. Кога Канада во 1942 година им прогласила војна на Германија, Јапонија и Италија, овие тајни агенти се собираат за да одат зад непријателските редови, да ги разоткријат и да ги убијат непријателите. Со оглед на тоа што од Канада потекнуваат првите модерни шпиони, Четата Икс има историска поткрепа, но и покажува како човекот како поединец може да се крене против војската и режимот.

Помеѓу одличната актерска постава ќе препознаете и две познати лица. Се работи за ѕвездата Лутер Ворен Браун и за Евелин Брох која имавме можност да ја гледаме во серијата „Црно сираче“ (Orphan Black). Целосната серија е достапна на Pickbox.

 

Расипан град (Wicked City) – од 15.9.

Во осумдесеттите години на минатиот век некои уживаа во сексот, некои во добрата музика, а неколкумина контроверзни љубовници се навлекоа на најлошата дрога од сите, убиството. „Расипан град“ нѐ води во Сансет Стрип, делот од булеварот Сансет кој е тероризиран од сериски убиец, а екипата што ние ја следиме е сепак на добрата страна на приказната. Покрај детективот Џек Рот (Џереми Систо) и Пак Контрерас (Габриел Луна), тука е и младата новинарка Керен (Тајса Фармига), фотографот Дајвер и многу други, чиј интерес е да го откријат убиецот. Авантура што необично потсетува на „Бони и Клајд“, гарантира акција, напнатост и одлична хемија помеѓу двајцата негативци. На Pickbox гледајте ја единствената снимена сезона.

 

Црникаво (Blackish)

Видеонајава:

Новата хит-комедија што држи три годинашни номинации за „Еми“ не е само приказна што ќе ви ги сервира тешките важни теми во општеството туку е и гаранција за добра смеа. Спонтаност, многу доброшегување, иронија и по некоја лекција за тоа како е да се биде единственото афроамериканско семејство во кварт на белци. Заштитниот знак на оваа добра комедија е рушењето на предрасудите, и тоа на здрав и хумористичен начин. Иако семејството на Дре може на моменти да ни заличи на „Козби шоу“, ова е комедија подигната на ново ниво. Дре (Ентони Андерсон) и семејството на тој начин се подбиваат со ставот дека да се биде црн не е само прашање на бојата на кожата туку и прашање на однесување на определен начин затоа што ако не се однесуваш типично црнечки, тогаш веројатно не си доволно црн, во тој случај си како нив, црникав.

136953_0268

Американска готика (American Gothic) – од 15.9.

Видеонајава:

Уште една премиера која со себе носи многу возбуда е „Американска готика“, делумно семејна драма, а делумно психолошки трилер. Ова е приказна за едно богато бостонско семејство додека меѓу неговите членови можеби се крие сериски убиец кој зад своите жртви не остава траги, туку само едно мало сребрено ѕвонче. Никој не е безбеден, секој е осомничен, а овој возбудлив трилер лесно може да стане вашата омилена серија сезонава. На Pickbox пристигнува единствената снимена сезона.

 

Бул – од 21.9.

Видеонајава:

Ако ви кажеме дека зад името Бул се крие познатото лице на д-р Фил Мекгро, кој на своите совети за животните проблеми и врски изгради кариера и безброј пати гостувал во шоуто на Опра, сигурни сме дека нема да сакате да пропуштите ниту една епизода од оваа серија, чија премиера тукушто треба да се случи. А штом Бул ќе стигне во Америка, Pickboxќе се погрижи само еден ден подоцна да стигне и во Македонија. Со брилијантниот Фил, кој е сопственик на една од најважните компании за консалтинг во Америка, ќе научите како да ги комбинирате најдобрата реторика, психологијата и интуицијата и како да гледате низ очите на поротата, адвокатите, обвинетите и сведоците. Д-р Џејсон Бул го игра харизматичниот Мајкл Ведерли од „Морнаричките истражители“, а серијата која користи неверојатни стратегии за да дојде до правдата тукушто пристигна.

 

Моќ (Power)

Видеонајава:

Од недела во недела, серијата „Моќ“ носи сѐ повеќе новитети и бурни настани поврзани со човекот кому минатото постојано му чука на вратата. Третата сезона не е толку добра за Дух (Омари Хардвик), кој се обидува да го промени својот живот, да ги заборави лошите работи што ги правел и да побегне од валканите пари, но за гледачите таа е најдобрата можна. Уште денес уживајте со сите достапни епизоди на „Моќ“, а новите, уште повозбудливи епизоди очекувајте ги на Pickbox секој понеделник во 21 часот, 24 часа по американската премиера.

 

Гледај на Pickbox или на Pickbox во видеотеката на MAX tv!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд за кој сите зборуваат – скриено виножито во косата!
Следна објаваФото на денот | Плажата на мостовите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ