Стотици милиони луѓе ширум светот секојдневно конзумираат кафе, а истовремено и се прашуваат дали е добро по нивното здравје и каква е нутритивната вредност на истото.

Како и се нешто на светот па така и кафето има свои позитивни и негативни страни. ви ги презентираме и двете страна волшебната напивка наречена “кафе”.

Coffee-image

Позитивни страни на кафето

  1. Кафето е богато со антиоксиданси кои што го успоруваат стареењето и имаат еден вид на Anti-age ефект. Кафето не штити и од слободните радикали, а по количеството на полифенол е пред какаото и црниот чај.

2. Кафето ја штити јетрата. Кафето ја поттикнува циркулацијата и истовремено ја стимулира работата на јетрата.

3. Кафето ја поттикнува физичката и менталната активност и директно влијае на количеството внесен кислород во организмот. На спортистите им дава дополнителна сила за тренирање.

4. Кафето го забрзува протокот на крвта до мозокот и на тој начин влијае на неговата когнитивна функција а според некои истражувања и штити од Ајцхајмерова болест.

13912391_10153933520838983_7671636032728017946_n

Негативните страни на кафето

  1. Ако премногу го конзумираме кафето може да ни создаде еден вид на кофеинска зависност. Исто така треба да споменеме дека постои опасност од подигнување на ареналинот на многу високо ниво што може да предизвика еден вид на стрес на целиот организам што во недостаток на кофеин може да чувствуваме нервоза, слаба концентрација, главоболка и.т.н.
  2. Кафето може да вијае на промена на расположението и зголеменост на анксиозноста. Кофеинот влијае на хормоните и на неуротрансмитерите во мозокот а исто времено и на нервниот систем и на мускулите. Ова може да биде изразено кај заболените од дијабетис и срцеви заболувања. Затоа ве советуваме да пиете кафе во поамли количини и највашно од се е да си го слушате сопствениот организам тој ќе ви каже најубаво.
  3. 13920941_10153961621893983_4889327505016219128_ngood-morning-coffee-in-heart-design-coffee-cup-1024x640

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР