За сите љубители на анимирани комедии, креаторите на Подлиот јас (Despicable Me) имаат нешто ново за вас.

Тајниот живот на милениците (The Secret Life of Pets) е филм кој продира во секојдневието на нашите миленици додека ние не сме со нив. Доколку мислевте дека Вашето кученце само чека да се вратите од работа тогаш се лажете.

Според New York Daily News, и љубителите на мачиња и оние кои што се љубители на кучиња би се сложиле за една работа – овој анимиран филм е смешен, сладок и забавен.

Во 87 минути тивкиот и монотон живот на Макс ќе се преврти наопаку кога неговиот сопственик ќе одлучи да донесе ново милениче по име Дјук. Сепак, Макс и Дјук ќе мораат да ги остават несогласувањата позади нив и да се здружат против армијата изгубени миленичиња кои што се одлучени да се одмаздат на сите вдомени миленици и нивните сопственици.

Позади Макс се крие Louis C.K, а останатиот дел од актерската екипа ја сочинуваат Ellie Kemper, Lake Bell и Kevin Hart.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР