horoskop-nova-650x396ОВЕН

Работа – Оваа недела, сите деловните планови ви одат од рака, а тоа се рефлектира и на вашата финансиска ситуација. Време беше и на вас да ви тргне работата, а тоа се случучува токму сега.

Љубов – Имате поважни проблеми од емотивните, а партнерот нема разбирање. Во љубовта не ви оди добро оваа недела.

Здравје – Одлично.

БИК

Работа – Не се разочарувајте доколку приходите брзо ви се намалуваат. Трендот нема да продолжи во тој правец и не жалете се заради моменталните аспекти, кои не ви одат од рака.

Љубов – Една личност не престанува кај вас да буди нешто посебно и единствено, а вие се уште не сте спремни да реагирате.

Здравје – Болки во грбот.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Се оди поволно на деловното поле и вие имате голема сила и енергија да тргнете во нови инвестиции. Бидете внимателни и информирани, но не се плашите да ризикувате. Кој не ризикува тој не добива.

Љубов – Премногу сте вообразени за да ја повикате личноста која ви се допаѓа – сепак вие треба да го направите првиот чекор.

Здравје – Добро.

РАК

Работа – Не сте доволно одговорни кон своите работни обврски и ќе добиете прекор од својот претпоставен. Имате доволно време некои детали да ги доведете во ред.

Љубов – Имате шанса да запознаете една исклучително интересна личност на забава, која веќе ја планирате. Доколку нешто ве спречи, не очајувајте.

Здравје – Солидно.

ЛАВ

Работа – Деловниот план ви оди солидно и вие сте свесни за своите квалитети, кои можат да ви помогнат да дојдете до некоја поголема позиција.

Љубов – Парнерот не сака да дели многу работи со вас. Чувствувате доза на таинственост и тоа ве прави очаен. Зголемена тензија.

ДЕВИЦА

Работа – Негативниот деловен тренд е во полна сила, но вие немате лош став околу тоа. Што и да се случува на деловното поле, вие знаете дека сте доволно способни да се извлечете од моменталната ситуација.

Љубов – Партнерот го мачат проблеми а сето тоа влија на вас. Затоа одморот и разговорот се најдобро решение.

Здравје – Премногу сте уморни.

ВАГА

Работа – Вашата финансиска ситуација се подобрува од повеќе страни и немате многу губитоци. Се е добро и така треба да биде. Време е за некои нови деловни планови.

 Љубов – Се чувствувате одлично во присуство на еден Овен, но и самите не знаете што треба да направите за оваа ситуација.
Здравје – Повеќе вежбајте.
ШКОРПИЈА

Работа – Колегите како да немаат разбирање за вашата моментална ситуација. Гледајте да ја поправите вашата моментална состојба.

Љубов – Заљубени сте, но тоа не смеете да го признаете ни пред себеси.

Здравје – Вежбајте повеќе.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Доколку работите приватен бизнис, ќе имате одлични деловни можности, затоа искористете ги во наредниов период.

 Љубов – Доколку сте осамени, не морате да очајувате затоа што се гледа промена која ви следи можеби во тек на денешниов ден.
Здравје – Срцева аритмија.
ЈАРЕЦ

Работа – Како само вие да морате да работите се што ќе ви кажат. Одете на одмор. А после одморот, добро размислете што всушност сакате за себе и од другите, било тие да се ваши претпоставени или пак подредени.

Љубов – Не сте заинтересирани за емотивниот живот. Вашиот љубовен однос веќе не е филм, сега  е шпанска серија.

Здравје – Се чувствувате добро.

ВОДОЛИЈА

Работа – Деловните планови ви одат од рака оваа недела, за кое сведочи и состојбата на вашата банковна сметка. Време е да ја искористите оваа поволна состојба.

Љубов – Партнерот и понатаму е тука за вас, тој е вашата најголема подршка било што и да се случува. Вие сте среќни заради тоа.

Здравје – Оваа недела добро се чувствувате.

РИБИ

Работа – Не сте во можност да бирате со кого ќе соработувате, но исто така ни за аранжманите кои ви се доставуваат. Не паѓајте во очај, ви следи одличен период.

Љубов – Зголемената тензија денес во бракот, може да биде лоша за вас. Обидете се да бидете поотворени кон себе и да ги признаете слабостите кои треба да ги надминете во наредниот период.

Здравје – Несоница.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧевли и чизми од плиш – есенски тренд број еден!
Следна објава? Исланд- “литературниот рај”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР