големиот.гетсби

Невообичаено возвишен стил на пишување кој како да го следи потегот на четката врз еден карактерно-уникатен потрет на површни карактери кои се маневрираат себе во комплексни ситуации за време на американската џез-ера. Едноставен стил, без премногу орнаменти, кој евоцира музика. Таков стил преку чии дескриптивни редови на жежок ден прават да почувствувате жештина – „и така со сончевите зраци и растењето на големите крошни на дрвјата, добивав едно познато убедување дека животот започнуваше одново и одново со летото“. Уште од своето објавување на 10ти април 1925, романтичната опачина на романот на чијшто начин големиот Фицџералд раскажува и создава еден нов живот на својот фиктивен херој во депресивен обид да ја врати девојката што отсекогаш ја љубел; од самиот почеток, потрагата за зеленото светло и неуспехот да се дофати истото ја прави оваа приказна со спротивен распоред: приказна за човек кој сака да создаде минато, наместо иднина. Иако во основата благо се воочува доза на расистички и религиозни предрасуди, оваа трета книга на Френсис Скот Фиџцералд е повеќе од светски класик. И покрај тоа што редовите подолу  импонираат совршена поема за страста во своја најубава форма, сепак станува збор за слатко-кратки извадоци, неколку залчиња љубов која носи име Џеј:

Гетсби гледаше во Дејзи на начин на кој секоја млада девојка сака да ја гледаат.

Сакам да знам дека се движеше и дишеше во истиот свет со мене.

Посакувам да направев се’ на Земјата, со тебе.

Точно, ова е книга за љубовта. Со својата навидум едноставна сижетна линија и како што многумина знаат да ја оценат книгата дека „интересноста на овој роман е видлива дури во последните три поглавја“, поларизираните дебати околу длабочината и значењето на книгата сепак оставаат отворена врата да се пресече дека „Големиот Гетсби“ е многу повеќе од тоа. Големите фамозни забави кои се оценети како „обожавани и интимни“ бидејќи на малите забави интимноста е само луксуз – во време кога Њујорк Тајмс забележува дека џинот е национален пијалок, а сексот е национална опсесија, романот лесно прави портрет на Америка во дваесеттите години на минатиот век. На крајот, книгата Ве шармира во целост, бидејќи станува збор за една од ретките прозни четива некогаш напишана и издадена на англиски јазик, што го отежнува секој нареден разговор за романот без да се пелтечи во врска со неговата книжевна убавина.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР