Направете сами – 5 здрави оброци за плажа!

Направете сами – 5 здрави оброци за плажа!

Нема ништо поубаво од лежење на плажа и читање книга, со вкусни лепчиња и омилен пијалок. Имајќи во предвид, дека најчесто остануваме на плажа по цел ден, сепак не сакаме во нашето тело да внесуваме непотребни калории и нездрава храна.

Денес ви предлагаме 5 здрави оброци кои можете да ги земете со себе на плажа,  како добра алтернатива кои ќе го задоволат вашиот апетит и желудник!

1. СИРЕЊЕ СО КРЕКЕРИ

Оваа класична комбинација ќе ги задоволи вашите желби и потреби, а немасното сирење, ќе ви ја даде потребната количина на протеини за сите активности на плажа, а при тоа со часови нема да почувствувате глад.

2-52

2. ХУМУС СО ЗЕЛЕНЧУК

Хумусот и сецканиот зеленчук, се одлична замена за чипс со крем. Морковот или целерот се иделна комбинација со хумусот. Ако не ви е доста тој зеленчук, секогаш можете да земете крекери, пецива или солени переци.

hummus

3. ОРЕВЕСТИ ПЛОДОВИ

Направете сопствен микс на омилените оревести плодови и ставете ги во кесичка која секогаш можете да ја ставите во торбата. Доколку не сте фан на бадемите, лешниците , кикириките и останатите плодови, пуканките се добра опција.

3-8

4. ОВОШНА САЛАТА

Поголемиот дел од нас, секогаш со себе го носи омиленото овошје на плажа. Следниот пат, направете овошна салата во некоја пластична кутија и земете ја со вас, така да во секој момент ќе ви биде при рака спремно за крицкање. Совет плус – исецканите коцки од овошјето, можете и порано да ги замрзнете, па полузамрзнати земете ги со вас – овошјето подолго време ќе биде ладно, истовремено ќе ја задоволите и желбата за сладолед.

5-vocna-salata

5. ВОДА СО ВКУС НА ОВОШЈЕ

Ако не сакате да пиете минерална вода или газирани овошни пијалоци, тогаш вода со вкус на овошје е иделна за вас. Исецкајте од своето омилено овошје и ставете го во шишето со вода. Одличен пијалок за на плажа, а вашето тело цел ден ќе биде хидратизирано.

cassey-page

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШармантна куќа во духот на морето
Следна објаваChristian Louboutin најавува glam-rock есен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР