Vinicunca Mountains (Виножитни Планини) во Перу се место што авантуристите сеуште не го откриле. Се работи за толку умешно чувано национално богатство што нема никакви информации за планините, освен од ретките авантуристи кои се одлучиле да ги бараат.

Vinicunca е планинскиот масив кој е дом на планината Ausangate во Андите на Перу. Овој прекрасен регион, населен со сточарските заедници Алапака и Лама, е едно од ретките преостанати сточарски општества во светот.
Оваа воодушевувачка атракција е составена од четири главни геолошки карактеристики: висечките глечери, глацијални ерозивни долини, Алпското возвишение креирано од Гранит (варовничката шума) и најпрепознатливите формации (создадени во геолошкиот период Перм) кои природно се јавуваат во впечатливи и несекојдневни бои како црвена, сина, окер и тиркизна.

За ова патешествие ќе ви биде потребна околу една недела, ќе молите за кислород движејќи се на височини од 4200м, ќе се сретнете со илјадници Алапаки и Лами, ќе менувате надморски височини. ќе го истоштите вашето тело, но племенито ќе го наградите вашиот дух кога ќе стигнете до обоените планини скриени длабоко во Алпите.

Сакате уште? Ќе можете да се релаксирате и да заборавите на реалноста со бањата во природните топли извори кои немаат многу посетители годишно.

Ова е must see дестинација за сите страсни авантуристи.

TW_RainbowMountains02_670 TW_RainbowMountains05_670 Rainbow Mountains In China's Danxia Landform Geological Park Are Very, Very Real 4f87897fc227e36d52fca3af87fa6e98 DSC_5180 TW_RainbowMountains06_670

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР