Натали Башоски | „Балканските фаци“

Дозволете да Ве запознаеме со работата на талентираната Натали Башоски и да Ви претставиме еден поинаков фотографски серијал, посебен сам по себе, серијал за Балканците.

21


Балканските фаци“ е серијал кој дефинитивно ќе остави длабок впечаток кај Вас поради реалната прикажаност на секојдневието на улиците, без шминка, без разубавување, само моментот професионално документиран. Серијал кој го отсликува Балканецот заедно со својата работливост, пожртвуваност, добрина и чесност. Секојдневието на овие „балкански фаци“ ќе Ве поттикне да забележувате детали по нашите улици кои претходно сте ги игнорирале на одминување.


0 2


Спонтаноста на фотографијата го прави овој серијал неверојатно интересен. Балканските фаци се од сите возрасти, од седум до седумдесет и седум. Мажи и жени. Сите залутани во светот на своите мисли, грижи, проблеми. Децата се способни од се да направат игра, возрасните се способни да им ги исполнат соништата на нивните најмили, често жртвувајќи ги своите.

Сепак, Балканците не се разликуваат многу од другите луѓе, нели?


3 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14
16 17 18 19 20 22 23 24 25 26 27 28 29 31 33 34 35 37 38 39 40 41

Целта на фотографиите на Натали е да направат на почувствувате нешто. Дали тоа ќе биде копнеж за домот, копнеж за нови хоризонти, копнеж за авантура. Пријатност, непријатност, љубопитност, сожалување, завист. Целта не е никако да се претстават субјектите во совршено, недостижно светло. Субјектите се реални, убави и совршени во своите природни форми и суштина на постоење.

Повеќе фотографии од овој серијал можете да погледнете тука.

42

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПастелните бои – совршено одговараат за стан на море!
Следна објаваМодерни туники и фустани со врвки на деколтето!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР