873_14_12_15__17__4_2012ps te sakam NEWНивниот план беше многу едноставен: да останат заедно до крајот на животот.

Роман за одржувањето, ослободувањето и повторното навикнување на љубов – сега во форма на надеж кој ги заробува срцата на читателите и укажува на свежа мотивација во женските новели, благодарение на Сесилија Ахерн. Холи не може да живее без нејзиниот сопруг Гери, се до денот кога таа е приморана да продолжи без него. Нивниот брак, во кој скокнаа релативно млади и подготвени за заеднички живот беше еден од ретките кој беа засновани на гаранција и доверба, согласно нивната можност и навика да си ги завршуваат речениците еден на друг.

Кога Гери подлегнува на неизлечливата болест, ја остава Холи сама, со бело знаме кое и служи како параван на светот кој го познавала. Но, со помош на серија писма кои нејзиниот внимателен и нежен сопруг ги подготвил пред неговата смрт, таа ги добива во своето сандаче секој месец, писма исполнети со љубов, разбирање, утеха, надеж, потпора и подршка – Холи, како млада вдовица успева да застане на нозе, со помош на пропратната помош од ексцентричниот асортиман на нејзиното семејство и пријатели. Целото наследство кое го понесува се незаборавните спомени. Таа полека учи повторно да се смее, да го надмине својот страв и да се одвикне од сопствената осаменост и одбрамбениот механизам за да го открие светот за кој ни самата не знае дека постоел. Есенцијата на нејзината среќа е во исќекувањето на нови редови изречени и преточени токму од душата на нејзиниот Гери, кои ќе ја натераат да продолжи. Напред.

Да се пронајде некој што искрено ќе се љуби и истото ќе биде возвратено е прекрасно, прекрасно чувство. Но да се пронајде вистинска сродна душа е уште подобро чувство – сродната душа е како ниедна друга, таа е безусловен стожер на севкупното постоење. Но, како што се вели, ништо не трае вечно: овој роман цврсто ќе Ве увери дека постои љубов после љубовта.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГлавни трендови за сезоната пролет/лето 2015
Следна објаваФото на денот | Децата на морето
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ