Летниот џез караван кој се реализира во рамки на културната манифестација Топол културен бран, поддржан од Министерството за култура и општина Ресен, ова лето ќе посети повеќе градови низ Македонија, и застанува на својата прва станица – Ресен.
Наредните три дена (19, 20 и 21 јули) во Новата чаршија во Ресен, со почеток од 22 часот, публиката ќе има можност да се разладува со настапите на едни од најактуелните џез имиња од земјава кои пред публиката во Ресен ќе настапат со целовечерни концерти, по следниот редослед:

399674-letniot-dzhez-karavan-zapochna-vo-resen 19 јули: Дамир Имери Трио
Дамир Имери е еден од врвните македонски инструменталисти и автори кој зад себе има голем број на остварувања. Твори во класичната музика за што се едуцирал, но подеднакво е успешен и во џезот и во областа на традиционалната музика. Имери не е само одличен инструментаист кој моментално како тромбонист е член на Оркестарот на МОБ, туку низ времето сцената ја делел со врвни изведувачи како Јан Акерман, Влатко Стефановски, Тони Китановски, Ѓорѓи Шарески и други, а мнозина со право го сметаат и за извонреден аранжер. Овој пат Дамир ќе настапи со своето трио во кое членуваат Ади Имери на гитара и Благоја Антовски на тапани. На настапот тие ќе изведат своја авторска музика, вклучувајќи и неколку џез стандарди.
20 јули: Fierce
Fierce се дел од најмладата генерација македонски џез музичари кои енормно брзо ја освоија публиката. Нивниот звук се движи во границите на современиот џез вклучувајќи силни и иновативни рифови, ритмови и мелодии. Имаат настапувано на реномирани фестивали и настани во и надвор од државата меѓу кои: Meѓународниот фестивал на јазикот под покровителство на Македонскиот Конзулат во Солун, Грција, Cinema Days international Festival – Скопје, МОТ – МКЦ, Скопје, Барбакан Jazz Festival, Култиватор – Скопје, Бруклински Jazz Викенд – Скопје, Skopje Guitar Festival (SGF) – Скопје, Бруклински џез фестивал (даб музика), 12 месечини на џезот (public room). Во бендот членуваат ierce го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Fierce се моментално актуелни со нивниот прв албум. На Топол културен бран – Ресен Fierce ќе настапат со материјал од нивниот прв албум, но и со дел од својата најнова музика од вториот албум кој сеуште не е издаден.
21 јули: Иван Иванов Квартет
Иван Иванов (тенор саксофон) е еден од претставниците на помладата генерација џез музичари во Македонија кој својата наобразба ја стекнува на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, Австрија. За време на студиите Иванов соработувал со повеќе инструменталисти меѓу кои Ренато Чико, Карл Хајнц Милкин и Дон Менза, а учествувал и на повеќе џез семинари кај познати изведувачи како што се Дејв Либмен, Боб Минцер и Боб Брукенмаер. Четири години бил и член на познатиот хрватски џез оркестар HGM со кој има настапувано низ цела Европа. Иванов инспирацијата ја црпи од современите светски саксофонисти, поточно од целата денешна New York Jazz сцена и од истакнати џез имиња од типот на: Seamus Blake, Chris, Potter, Mark Turner, Eric Harland, Bred Mehldau… Овој пат Иванов квартет ќе настапи со авторски композиции од неговите два албуми, вклучувајќи неколку џез стандарди.

Нашето патување може да почне!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШарени фотографски композиции
Следна објаваСо помош на природно светло, постигната хармонија во аголната куќа!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ