Три пати дневно да ја наполните батеријата на вашиот телефон и тоа од растение? Звучи како научна фантастика, но всушност тоа е нашата иднина која ни блеска зелено и еколошки.

Од сета електрична енергија што ја трошиме, најголем процент оди во полнењето на смартфоните кои знаеме да ги оставиме да се полнат и по 3-4 пати на ден. Енергијата која што се насочува кон нашите телефони секако дека би можела да биде искористена во други цели, а ние би можеле да си најдеме друг извор на електрична енергија за да нашата електронска опрема редовно има полна батерија.

Оваа идеја била спроведена во дело од Arkyne Technologies, кои сметале дека иако напреднатата наука ја откри моќта на добивање електрична енергија преку сончевите зраци, нашиот лаптоп или смартфон се нешта кои во ова време се неопходни и во деновите кога нема многу сонце. Затоа соларниот полнач не е идеалното решение и попрактичната солуција се наоѓа во оваа иновација.

Био саксијата може да наполни еден телефон три пати дневно преку 5V 1A USB полнач, а се што ние треба да направиме е да го наводнуваме растението за тоа да може да расте и да произведува енергија. Енергијата всушност се добива од процесот при кој растението прима соларна енергија, односно процесот на фотосинтеза.

Оваа иновација ке биде достапна на крајот на 2016.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР