Зошто ја сакаме Италија

Иако е објавено пред 3 години од страна на The Perennial Plate, ова кратко видео не изгубило ниту малку од својата важност.

Постојат премногу причини да ја сакаме Италија, а голем број од нив се токму храната. Во овој краток филм може да погледнете 10 вкусни видови храна и начинот на нивна подготовка. Почнувајќи од тестенините и пицата, па сè до познатиот италијански сладолед, да се подготви нешто толку вкусно не е едноставно, а сепак Италијанците го прават тоа одлично.

Daniel Klein и Mirra Fine, луѓето кои стојат позади овој проект патуваат низ целиот свет барајќи чуда и приказни поврзани со глобалниот систем на храна.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР