ОВЕН

Работа – Не се чувствувате добро кога ќе помислите дека ве чека уште една работна недела а одморот не е ниту на видик. Еден колега има опасни намери, па морате да бидете внимателни. Иако ништо не ви се работи, не дозволувајте некој друг да ја искористи ситуацијата и да ја земе вашата позиција на работа.

Љубов – Со љубовта добро ви оди овие денови. Не размислувате многу, не се оптеретувате и затоа се си е на свое место, како што треба.

Здравје – Добро се чувствувате. Внесувајте повеќе течности.
БИК
Работа – Не знаете што попрво да направите. Вие сте секогаш лидерот и ги решавате проблемите, па така и оваа недела –  тоа се очекува од вас, но вам не ви е до тоа. Не знаете на кого да му верувате, па затоа попрво сами ке ја завршите работата, отколку тоа да го очекувате од другите.
Љубов – Ви се допаѓа личност со која соработувате, но се уште не сте спремни за таа врска. Оставате работите само да одат по својот тек.
Здравје – Можна е несоница. Одмарајте повеќе.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Знаете дека ви се ближи одморот, па затоа приоритет им дадовте на обврските кои сакате да ги завршите на време. Една личност од колегите не ви дава мир, дури и кога не работите. Не можете никако да го разделите приватното од службеното.
Љубов – Авантури и оваа недела, но од љубов нема ништо на видикот. Жалите за некоја мината љубов и тоа се одразува на вашата емотивна ситуација и расположение. Се уште нема ништо конкретно на емотивното поле.
Здавје – Можни главоболки – повеќе спиење.
РАК
Работа – Желбата за доминација, се одразува на вашиот деловен план. Не знаете се уште, како да дојдете до саканата позиција но успехот ви следи. Вашата истрајност оваа недела ќе биде забележена од страна на претпоставените.
Љубов – Се плашите од промени и затоа оставате се како што е. Не сакате да ризикувате и затоа на љубовен план ништо не ви се случува. Треба да се впуштите во авантура.
Здравје – Повеќе вежбајте.
ЛАВ
Работа – Кој не ризикува, тој не добива, но вашата финансиска ситуација не е сјајна, па затоа и не можете многу да ризикувате. Мали парични проблеми ќе влијаат на вашите бизнис зделки и способности оваа недела.
Љубов – Имате поважни проблеми од емотивните, а партнерот нема разбирање за вашиот начин на размислување. Потребно е да седнете и отворено да разговарате за се што ве мачи.
Здравје – Болки во рацете.
ДЕВИЦА
Работа – Каде се сокрила инспирацијата? Немате повеќе желба за работата која ја работите. Се ве нервира и желбата за одмор или промена се повеќе ве обзема. Одработувате, не работите како порано.

Љубов – Заљубени сте до уши, , тоа е некоја нова состојба за вас. Не знаете ни самите како да се однесувате и што да работите. Не ви помагаат ни советите од блиските.

Здравје – Несоница и гибиток на апетитот.

ВАГА

Работа – Оваа недела, деловните планови ги реализирате од рака. Не сте ни свесни колку сте успешни во тоа што го работите. Не знаете дали е тоа од позицијата на sвездите или до вашето знаење, но тоа се одразува и на вашата финансиска ситуација.

Љубов – На љубовен план, не ви цветаат рози. Малку сте депримирани и емотивно несредени, но подобра ситуација ве очекува кон крајот на неделата.

Здравје – Можна нервоза.

ШКОРПИЈА

Работа – Сакате што може побрзо,  да завршите со работата. Стресот на работа стана честа појава и повеќе не знаете како со проблемите да се изборите. Финансиската состојба полека се подобрува.

Љубов – Ви недостасува подршката од партнерот, неопходна ви е. Се наоѓате во стресна ситуација. Не знаете кому да му се доверите и побарате помош, затоа што досега, овие работи му ги доверувавте само на партнерот.

Здравје – Нервоза и несоница.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Вашиот шеф има преголеми очекувања од вас, а вам, како ништо да не ви од рака оваа недела. Топлото време и долгите денови, никако не не ви одат на рака. Побарајте помош од колегите, можеби некој сигурно има решение.

Љубов – Во љубовниот однос, најпосле дојде до стабилизација и сега е време за уживање во двојка.

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

ЈАРЕЦ

Работа – Сметките се насобраа, а финансиите се и понатаму нестабилни. Не земајте кредити, туку гледајте да работите уште некоја дополнителна работа. Доволно сте способни за да излезете од криза.

Љубов – Заинтересирани сте за една личност, но немате самодоверба отворено да и пријдете.

Здравје…Ви недостасува сон.

ВОДОЛИЈА

Работа – Колегите постојано ви прават некои закачки, а вие се сомневате во нивните добри намери. Опуштете се, вашата позиција не можат да ја сменат. Вие сте ја граделе долго и никој нема да може лесно, да го сруши вашиот интегритет.

Љубов – Можни се кавги со партнерот оваа недела. Не влегувајте во големи расправии.

Здравје – Добро се чувствувате.

РИБИ

Работа – Повторно се ви оди од рака. Искористете ги сите привилегии на деловен план. Оваа недела ќе биде секако успешна, што ќе се види и на финансиското поле.

Љубов – Љубовта ви цвета како на првиот ден. Заљубени сте и среќни.

Здравје  – Добро ќе се чувствувате оваа недела.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо New York отворен првиот ресторан на светот посветен на утринските снегулки од житарки!
Следна објаваГолеми идеи за мала дневна соба!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР