За сите оние кои сакаат интересен и необичен маникир, денес ви претставуваме 4 начини на кои можете да се налакирате и тоа во духот на летната сезона. Ако ви здодеа монотонијата на монохроматските лакови и цветните летни дезени и сакате да пробате нешто поинакво и разиграно, ова е вистинскиот избор за вас. Следете ги инструкциите.

Сладолед во корнет

1 2

Нанесете ги „капките” со помош на мала црна шнола, па оттаму повлечете во насока во која сакате.

3

Пикник дезен

4 5

Овој маникир е малку покомпликуван, но изгледа навистина интересно. Прво нанесете два слоја бел лак. Нацртајте две вертикални линии розев лак, подеднакво оддалечени. Нацртајте две хоризонтални линии розев лак, подеднакво оддалечени. На крај, нацртајте мали црвени квадратчиња на пресеците од розевите линии.

6

Зајдисонце на плажа

7 8

Уште еден маникир за кој треба малку повеќе труд и дарба за цртање. Налакирајте ги ноктите со розев лак. Нацртајте сина лента на долната третина од ноктот. Нацртајте жолта лента на сличен начин, но на горниот дел. Поврзете ги двете ленти така што ќе се надополнуваат една со друга. На крај, со црн лак нацртајте палми и галеби за ефектот да биде целосен.

9

Лимони

10 11

Нацртајте полукруг на врвот од ноктот со жолт лак. Нацртајте мали бели ленти. Нанесете од истиот бел лак околу полукругот, слично како да правите француски маникир. Самиот врв на ноктот обојте го со потемна жолта боја за да личи на кора од лимон.

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп летни трендови на фустани?
Следна објаваГерманија преку фотографии
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР