urlКога за момент ќе заборавиме на бучниот свет кој не опркружува и се фокусираме само на нашот здив или нашиот пулс ќе станеме свесни за колку тоа е убава есенцијата на нашето постоење. Тик-так, тик-так, ритамот кој е вткаен во суштината на животот, основниот ритам на човештвото.

Еднставно, ние сме суштества на ритам и репетиција. И се воодушевуваме и се разнежнуваме и во суштина посилно чувствуваме кога сме раздразнети од ритмички складно осмислени нешта, како тактовите на песна, тактот на тапанот, мрдањето на нашата глава на песната, уметноста на цветните ливчиња. Едноставно е, шемите ни претставуваат задоволство.

Кога се работи за јазикот, ритамот и неговото повторување се често користени како основни столбови на поетското изразување. Ритамот на јазикот е креиран од слоговите и нивното акцентирање и изговарање.
(Од тебе и од мене ќе се одлепи време
за да не залепи заедно нас.)

Ритамот и неговото повторување во јазикот се случуваат на повеќе нивоа и тоа повторувањето на обични букви, на слогови или на зборови.

Зборовното повторување е едно од најсилните оружја со кое се вооружени поетите во поход да го омекнат светот. Тоа може читателите или слушателите да ги подигне во небесите или да ги спушти до дното, да го хиперболизира или минимизира искуството, да ги соедини или диференцира идеите. Всушност и самиот ритам, повторувачка шема од слогови, е своевидна форма на репетиција.

Некои повторувања звучат попријатно и создаваат поголемо задоволство од другите. Пример, довикувањето мамо, мамо на едно детенце воопшто не е пријатно ритмичко повторување, иако се повторуваат и букви и слогови.

Тогаш, во што е тајната на поетската репетиција? И зошто функционира?

Можеби најпознатата форма на поетско повторување е римата, повторување на слогови кои се слични по форма и по звучност и вообичаено се наоѓаат на крајот од стихот. На тој начин се создава сензација на очекување. Слушателот внимателно слуша во исчекување на наредната рима, а кога ќе ја чуе, новонајдената шема предизвикува пријатно чувство.

Но, римата не постои исклучиво на крајот од стихот. Таа може да се најде и во вокалите (самогласките) кои се повторуваат низ зборовите и оваа појава се нарекува асонанција. Такви примери можат да се најдат во поезијата на Шекспир (“So long lives this, and this gives life to thee„ – се повторува остриот звук на вокалот и) и во песната на Еминем – Lose Yourself. Каде што се повторуваат букви и тоа во постојано менување (во првиот стих се повторува буквата а, во вториот и, во третиот повторно а, во четвртиот о и така натаму) на крајот и на почетокот на стиховите се создава ритам и не тера нас да се придружиме на таа зборовна игра скоцкана во поп рап песна.
За разлика од римата на крајот од стиховите, римата на почетокот на зборовите се нарекува предна рима и ни е нам многу позната. Пример се брзозборките (Шенка шие шарена шамија).

Сума сумарум, поетите мора да се научат да балансираат со стилските фигури. Мора да знаат точно кога да повторуваат, а кога да направат отсечна промена, кога да ги задоволат очекувањата на слушателот, а кога тактично и уметнички да ги одолговлечат. Но тајната на поезијата е нешто што се крие во сите нас, нешто што сте провлекло низ самата суштина на животот без ние да забележиме. Повторувањето и ритамот се есенција на нашето постоење и нешто што ни создава магично задоволство.

За крај, уживајте во зборовните склопови и почувствувајте го шармот на поетската уметност:

Горда песна

И гол и горд
и уште погол и уште погорд
и дури најгол и дури најгорд
Од голорек до гордорек
И гол и горд
И уште по и уште нај
Од гологлав до гордоглав

И гол и горд
И гол до по и горд до нај
од голоод до гордоод

И гол и горд
од гологорд до гордогол

И гол и горд
од голоок до гордоок

И гол и горд
И горд и гол
Од голобол до гордобол.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР