хороскоп (1)ОВЕН

Работа – Се чувствувате конфузно заради моменталната позиција на вашиот владетел Марс, па пресметките можат да бидат погрешни а грешките евидентни. Тоа ќе се рефлектира на домот и семејството, посебно во понеделник кога младиот Месец е во полето на вашата куќа.

Љубов

Незадоволстото од моменталниот живот ве турка во нови случувања, каде што можеби ќе имате авантура. Тоа не е најдобро решение, заради тоа што брзите и површни случувања не даваат долгорочни резултати. Тие кои се во брак и подолги врски , не би требало да ги тестираат нервите на партнерот.

Здравје

Можна настинка, долниот дел на стомакот, гинеколошки или уролошки проблеми.

БИК

Работа – Венера во соработка со Сонцето ветува многу, а обично малку реализира. Смирете се и избегнувајте ги брзоплетите одлуки. На долгорочните планови им пречи Сатурн во полето на парите, не влегувајте лесноумно во разни аранжмани.

Љубов – Марс во полето на партнерство, веќе подолги време влече кон сплетки и мали кавги. Од друга страна, во ваша близина е личност која долго време ве привлекува. Во следните неколку денови, ќе контактирате почесто, па може да дојде до побрз развој на настаните.

Здравје – Чувајте се од повреди на екстремитете во овој период.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Пред вас е одличен период за финансиски проект, зголемување на приходите, промени во врска со парите и многу важни договори. Реалноста ставете ја пред се, затоа што секое залетување е неуспех во најава.

Љубов

Зафатените, веќе подолго време ги притиска врската во која се. Некоја порака или покана ви следи во почетокот на неделата, која ќе полие масло на огнот. Внимателно оценете ја ситуацијата во која се наоѓате, затоа што многу лесно може да формирате мислење на полуинформации.

Здравје – Температура, инфекција и вируси владеат во овој период.

РАК

Работа – Многу динамична недела е пред вас. Имате шанси да почнете со нова работа и проекти, како и да ги реализирате плановите. Сепак, можен е застој и ситуации кои бараат дополнителен напор.

Љубов – Sвездите ви спремаат големи промени во љубовта. Некои припадници на овој знак ќе бидат разочарани од личности, од кои очекувале многу, а другите ќе влезат во расправии со партнерот, тогаш кога најмалку очекуваат.

Здравје – Сите хронични тешкотии кои ги имате, можат да се активираат во овој период.

ЛАВ

Работа – Ја чекате шансата како пушка пред отсрел, чувствувате дека ви следат добри промени и големи шанси. Голема борба ве очекува за да го постигнете сето тоа што сте го планирале. Тешкотии околу наплата на парите, можно е привремено намалување на приходите.

Љубов – Врската во која сте, е многу нестабилна, не сте задоволни веќе подолго време. Затоа лесно може да влезете во нови односи, од кои поголемиот дел ќе бидат тајни или нестабилни. Личностите кои ви се допаѓаат се зафатени и сигналите кои ви ги праќаат можат да водат само во пополнување на вишокот на слободно време.

Здравје – Напнати сте, психички оптеретени, под стрес, за тоа постои само еден лек – одмор.

ДЕВИЦА

Работа – Иако планетата на среќата Јупитер е во вашиот знак, не ви оди се од рака. Се добро што носи е успорено, затоа што веќе долго време е под аспектот на квадратот со Сатурн. Затоа се се случува два чекора напред, еден назад.

Љубов – Недоразбирање со партнерот а разбирање со пријателите не е згодна работа, затоа што во врската секој влече на воја страна и има свои “навивачи”. Слободните, конечно ќе разберат дека една личност во друштвото, веќе подолго време се обидува пријателството со вас да го крене на повисоко ниво и да го претвори во врска.

Здравје – Внимавајте на абдоминалните органи, жолчката, црниот дроб и панкреасот.

ВАГА

Работа – Полето на кариерата, врие од планети и случувања. Невработените, имаат одлична шанса оваа недела да почнат со работа, а запослените многу да напредуваат. Тие кои се занимаваат со приватен бизнис, одат кон нови проекти, но на себе превземаат и голем терет.

Љубов – Планетата на љубовта Венера е во полето на работата, а Марс во полето на парите, што може да да доведе до пореметување на системот на вредности. Размислете, кој е интересот на личностите кои одеднаш ве окупираат, а до скоро не ве забележувале. Зафатените нека водат сметка што прават, затоа што можат да се најдат во центарот на некоја афера.

Здравје – Проблеми со варењето и метаболизмот, пазете каде и што јадете, може да дојде до труење со храна.

ШКОРПИЈА

Очекувајте нови случувања на работа овие денови. Започнува нова неизвесна фаза во вашиот деловен живот. Заради Сатурн кој е во вашето поле на парите, ќе имате финансиски проблеми во наредниов период, затоа бидете внимателни.

Љубов – Во љубовте сте повеќе свртени кон себе, не го перцепирате партнерот, иако тоа не го правите намерно, вие го загрозувате вашиот однос. Од странство, ќе се појави личност која не сте ја очекувале, но сте ја присакувале. Ако сте зафатени, внимавајте што сакате од таа личност и таа од вас.

Здравје -Замор, пад на мунитетот и слабост, можат да бидат знак на слабокрвност. Проверете ја крвната слика.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Во работата внесувате дефетизам, премногу долго ве притиска Сатурн во вашиот знак, никако да го видите светлото на крајот од тунелот. Обидете се да заштедите нешто, иако се што е врзано за парите ви е како “дупка во џепот”. Не влегувајте во непотребна расправија со претпоставените или со  деловниот партнер.

Љубов – Неделата пред вас носи нови турболенции во врската. Треба да му одолеете на предизвикот и да ја средите целата работа, проблемите ќе го решите утре, многу лесно.  Слободните имаат можност за ново познанство со личност  која ве импресионира  а се наоѓа во вашата близина.

Здравје – Диета и здрава храна му се неопходни на вашиот организам.

ЈАРЕЦ

Работа – Ситуацијата не ни малки драматична, како што вие мислете. Некој ве проценува, и морате да се докажувате од ново. Подобро е да се прилагодите  и повторно да се докажете и да оставите добар впечаток, отколку што залудно давате отпор и си ја смалувате шансата.

Љубов – Ви следи бурен период. Врската и статусот ви се на раскрсница, можни се прекини на врската и проблеми. Слободните, се на прагот на нова врска и тоа на оние судбоносни и сериозни. Водете сметка што му треба на партенрот, не ги наметнувајте секогаш своите идеи.

Здравје – Реума, проблеми со коските и зглобовите. Идеално би било да одите на бања.

ВОДОЛИЈА

Работа – Бидете истрајни во она што сте започнале да го работите. Марс во полето на кариерата, ви дава енергија и упорност, но не и објективност. Иако сте на добар пат, повремено анализирајте ги своите ставови и дела, видете дали е потребно да ја смените стратегијата во врска со некои прашања.

Љубов – Не се разбирате со партнерот. Вие сте настојчиви а партнерот е свртен кон своите идеи и планови. Доколку не ги приближите ставовите, кризата е сигурна, блиску сте до раздвојување.

Здравје – Се нервирате, заради тоа здравствените проблеми можат да дојдат во прв план.

РИБИ

Бидете трпеливи, затоа што планетата Сатурн во полето на кариерата ги забавува брзите и ефикасни решенија. Бидете истрајни во плановите и сочекајте ги решенијата кои времето ќе ги донесе. Од понеделник, се зголемуваат шансите за нови деловни ангажмани кои ќе ги забрзаат промените.

Љубов – Планетата Јупитер е во вашето поле на брак и партнерство, најавува убави случувања.  Сепак зафатените, чувствуваат некое незадоволство во врската, веќе подолго време. И вие и партнерот долго време го премолчувате тоа што ви пречи, а би требало што поскоро за тоа да разговарате, затоа што проблемите можат да станат поголеми.

Здравје – Избегнувајте алкохолни пијалоци и слатки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJimmy Choo, колекција есен-зима,2016
Следна објаваКуќи совршено вклопени во пејзажот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР