10

Casa Cook Rhodes е нов концепт на хотел на грчкиот остров Родос кој нуди идеален престој ова лето. Уште на прв поглед е јасно зошто овој хотел е опишан како боемски, но луксузен бутик-хотел. Хотелот претставува спој на модерната и традиционалната грчка архитектура. Секоја соба има излез на базен, а центарот на случувањата е во прекрасниот ресторан кој нуди 24-часовна услуга. Ентериерот на хотелот е направен да понуди топло добредојде на сите гости, а секој дел е инспириран од различно место во светот. Сето ова е надополнето со винтиџ детали кои креираат вистинска летна атмосфера. Фотографиите во продолжение ќе ви кажат повеќе.

8 7 6 5 4 3 14 13 9 12 11 2 1

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР