Дигиталниот уметник Али Еркурт од Турција осмисли интересна серија на постери во која со паметен спој на зборови, знаци и слики се прикажани насловите на некои од најпознатите филмови. На ваков креативен начин, насловите ни откриваат мал дел од содржината и суштината на филмот. Секој збор е составен на интересен, визуелен начин кој поттикнува на размислување за самиот филм. На пример, буквата Y во насловот “The Great Gatsby” изгледа како чаша за мартини. Насловот “Up” изгледа како балон, итн. Погледнете за што станува збор во продолжение.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќи совршено вклопени во пејзажот
Следна објаваДознаваме…Atelier Versace оваа есен ќе ја слави женственоста!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР