Како правилно да седите на работа!3-28Кога веќе морате да седите осум и повеќе часови дневно на работа, тогаш помогнете му на телото да не трпи болка. Со правилно седење на работа, ќе избегнете болки и непријатни последици од долготрајното седење. Ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат за овој чест проблем.

Како телефонирате?

Имате ли навика да го заглавите телефонот помеѓу рамето и увото? Така премногу ја форсирате само едната страна на вратните мускули што ќе предизвика болка, па доколку вашата работа подразбира “седење” на телефон, предлагаме да ги користите слушалките.

Важно е како ги држите рацете и нозете?

Рацете треба да ви бидат свиткани под агол од 90 степени, за да мускулите околу лактовите и подлактовите можат да се опуштат, а обавезно наместете ја и висината на столицата за да се сместите удобно.

Нозете истотака држете ги под агол од 90 степени, а ако не можете да го дофатите подот, држете ги на некој постамент или на ногарките на столицата. Строго избегнувајте нозете да ги држите прекрстени затоа што тоа никако не е добро за карлицата. Стопалата држете ги со цела должина на под и потрудете се да не ги туркате под столицата. Никако не ги прекрстувајте нозете, затоа што таа поза не им одговара на нервите на карлицата и ги напрега колковите.

work-back-pain

Наслонот е важен!

Сместете се во столицата така, да наслонот му помага на грбот да го држите правилно, но и да се наслоните, давајќи им на грбните мускули простор за караток одмор.

Добро наместете го компјутерот!

Многу е важно мониторот да биде поставен во висина на очите. Со погледод надоле, можете да предизвикате болка во вратниот дел , затоа кренете го постаментот на мониторот или поставете книги под лаптопот. Маусот и тастатурата оставете ги повнатре кон масата за да имате доволно просторда ги сместите лактовите на маса – така нема да вршите додатен притисок на вратот и рамената.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДом за три генерации!
Следна објаваОвие хулахопки ќе ве направат вистинска сирена!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР