2

Кога ќе се спојат модерната архитектура и медитеранското опкружување и тоа на прекрасен остров, се добива прекрасна вила за одмор покрај море. Една ваква вила се наоѓа на островот Крк во Хрватска и претставува врвно достигнување на архитектите од студиjата Degrad и Lotus Architecti од Хрватска.

3

Villa Vancialla воодушевува, како со екстериерот, така и со ентериерот. Мирното медитеранско опкружување и мирисот на лаванда ја прави идеална за совршен одмор. На влезот на куќата има голем базен на кој можете да се опуштите, ако не сте љубители на одењето на плажа. Внатре, на приземјето се наоѓа отворен простор кој обединува кујна, трпезарија и дневен престој заедно. На првиот кат има пространа спална соба, тоалет, две помали соби и тераса со поглед на море. Архитектите велат дека сакале да направат нестандардна куќа на море, со лукзуен ентериер и внимателно одбрани детали.

4 5 6 7 8 9 10 11 12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам – лимонада со јагода
Следна објаваDe Facto Boutique | Нов бутик во ГТЦ приземје
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ