хороскоп

ОВЕН

Дали планирате патување? Ако до сега не сте го направиле тоа, сега е право време. Имате зголемена енергија, треба да ја потрошите. Потрудете се околу работата, не ги оставајте работните задачи недовршени. Од 30 јуни ќе можете малку да се одморите и ќе имате прекрасна енергија. Овој период е добар да се концентрирате на започнување нова работа. Убаво ви е кога времето го минувате дома, но излезете надвор и запознајте нови луѓе во градот.

БИК

Потрудете се да штедите малку повеќе. Не се чувствувате најдобро, исцрпени сте. Би било добро да се концентрирате на вашите потреби, а од четвртокот до крајот на неделата можеби ќе бидете доста заморени. Напнати сте зошто имате впечаток дека проблемите не се решаваат толку брзо како вие би сакале. Имајте трпение. Со парите добро стоите. Аспектите за патување ви се одлични.

БЛИЗНАЦИ

Не се чувствуате баш најдобро. Немате доволно време за себе. Други луѓе можат да ви бидат од момош, но не очекувајте премногу. Партнерот ви е напнат, ако сте во врска, моѓжни се расправии. Ако сте слободни, флертувате и можете да запознаете некоја забавна и интересна личност. Не се прејадувајте, ова посебно се однсува на слатките.

РАК

Добро се чувствувате. Не се оптеретувате со работа. Оваа недела е добра за дотерување, за себе и за вашето здравје. Не се нервирајте премногу околу обврските. Внимавајте на некоја машка личност на работното место, може да ве извади од такт. Би било добро да не покажувате премногу емоции на работа. Некои работи кои ги знаете за ваши блиски луѓе, би требало да ги задржите за себе.

ЛАВ

Дружете се повеќе, оваа недела тоа е императив. Потрудете се да концентрирате на новите контакти. Можеби, ќе се појави некоја нова личност во вашиот живот. Можни се измени до домот или фамилијата. По се изгледа ќе го средувате станот или ќе направите нов план за него.

ДЕВИЦА

Оваа недела би било добро да ги зголемите социјалните дружења и контакти. Запознајте некои нови луѓе.  Доста работи се случуваат на работа, бидете во тек. Можни се неочекувано трошоци. Потрудете се да не се оптеретувате со ситници но и да не треошите премногу пари. Можеби ќе добиете некои средства кои ги чекате одамна, некој ќе ви врати пари или во прашање е наградна игра.

ВАГА

Се чувствувате подобро од порано. Имате чувство дека можете да ги исполните сите планови кои ги имате. Потрудете се да ја видите големата слика, а не деталите на работа. И сега конечно ќе одлучите што понатаму со партнерот – или ќе се решат сите пробелеми или ќе ја прекинете врската. Ако сте слободни, на некое патување ќе запознаете личност која ќе го привлече вашето внимание.

ШКОРПИЈА

Оваа недела би требало да поработите повеќе на вашите идеи и планови. Не превземајте на себе повеќе обврски, отколку што можете да ги завршите. Од четврток ќе имате многу поголема енергија и подобро ке се чувствувате. Страствени сте. На некое патување можеби ќе запознаете интересна личност, што ќе ви се допадне. Секако, можеби и во вашиот град, но таа личност нема да биде од вашето  место. Се поправаат бизнис зделките.

СТРЕЛЕЦ

Оваа недела имате зголемена енергија. Одлично се чувствувате. Не се оптеретувате со работа, туку гледате да се релаксирате и забавувате. Што се однесува до работата, имате премногу задачи, но сето тоа оди споро, бидејќи работата сега не ви е приоритет. Други луѓе се тука, да ви помогнат. Оваа недела е одлична да запозанете нови луѓе. Ако сте во врска, можеби ќе запознаете некоја интересна личност. Страствени сте.

ЈАРЕЦ

Веќе не сте толку напнати. Сега сакате да се посветите на себе и не ви пречи што сте сами. Сакате малку да се тргнете од другите луѓе, иако сите се пријатни кон вас. Лесно ќе ги исполните сите свои планови со помош на пријатели. Можна е несоница. Не се расправајте со личности од машкиот пол, само ќе се нервирате. Потребно е некои работи од минатото, кои се однесуваат на сегашната или поренешна врска, да ги оставите во минатото и тргнете понатаму. Добра е неделава за љубов.

ВОДОЛИЈА

Сакате да флертувате. Страствени сте. Некоја личност која ќе ве заинтересира, ќе ја запознаете преку пријатели, или група на луѓе преку интернет или работа. Сега шансите ви се најдобри. Сепак, не е време за авантури. Задоволни сте бидејќи на работа оди се како што треба. Бидете пријатни кон колегите. Оваа недела успехот ви е сигурен.

РИБИ

Ќе имате гости или ќе одите на посета кај роднини. Оваа недела би требало да се посветите на некои нови обврски на работа, бидете поактивни. Премногу внимание придавате на деталите и тоа ви прави застој во работата. Конечно ќе можете да смените некои работи, иако не одат брзо како сте замислиле. Дајте си одмор, макар било и само викенд,  ќе го намалите стресот. Одлична недела за врски и за заљубување.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРешете го мамурлукиот на природен и здрав начин!
Следна објава“Must-have”, statement сандали за лето 2016
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР