.2.

Сé повеќе има жени со зелени очи.
Сé повеќе возови што не доаѓаат на време.
Сé повеќе луѓе што влегуваат со почит.
во една голема сала каде што џелатот дреме.

Сé повеќе има тополи што се сушат.
Сé повеќе има градови од кои се заминува.
Сé повеќе заминати за кои не се слуша.
Сé повеќе провеви од кои се настинува.

Сé повеќе има луѓе што се плашат од сината боја.
Сé повеќе питачи што те влечат за ракав.
Сé повеќе непознати кои на скалите стојат.
Сé повеќе оние што не прашуваат зошто е тоа така.

~ „Хаос“, Влада Урошевиќ (1973)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвие хулахопки ќе ве направат вистинска сирена!
Следна објаваПочеток на Летниот фестивал на книгата во ТРИ
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР