#Калиграм: Спој на поезијата со ликовната уметност

 

Сите сме слушнале за луѓето чии исклучителни творечки способности ги извадиле од сенката на животот и ги направиле славни. Штом се спомне врвен писател секако дека секој интелектуалец веднаш ќе се сети на Шекспир, Силвија Плат, Емили Дикинсон, Достоевски и ред други.

rygНо она што ретко кој го знае е дека во раниот дваесетти век, Франција била дом на неверојатно талентиран поет, Гијом Аполинер (Guillaume Apollinaire). Тој бил близок пријател на познати имиња како Пикасо, Росо и Шагал. Го основал терминот сурреализам и ако зборуваме за “мултиталентираност“, дури и се шпекулира дека бил обвинет за кражба на „Мона Лиза“ во 1911 година.

Негова карактеристика е тоа што тој е првиот човек што успеал да ја спои поезијата со цртежи, и тоа на начин што предвидел уметничка револуција.

При крајот на 19тиот и почетокот на 20ти век местата Montmartre и Montparnasse, познати како делови од Париз каде што не се плаќа многу кирија, биле дом на спектар од финансиски немоќни уметници. Овие сликари, писатели и интелектуалци се обединиле поради својата страст за уметноста и необични ставови и ја формирале француската бохемска субкултура. Дел од овие уметници кои подоцна ќе го раздрмаат светот бил и критичарот, поетот и шампионот на авантгардното – г-дин Аполинер. Како критичар, Аполинер ги објаснувал кубизмот и сурреализмот и ги штител младите уметници кои често биле напаѓани поради уметноста која не можела биде сфатена од ксенофобичниот аудиториум. Како визионер, Гијом видел празнина меѓу две уметнички институции: првата била популарната, традиционална форма на уметност, а втората била формата на уметничка експресија преку сурреализмот и кубизмот. Со својата нова инвенција – калиграмот, Аполинер изградил мост меѓу тие две празнини.  Калиграмот бил измислен како напишана слика, портрет од мисли и зборови и бил употребен за поезијата да ги надмине границите на она “нормалното“. Неговите калиграми се смешни (Lettre Ocѐan), некои се во чест на неговите починати пријатели, а некои се израз на негов емоцинален момент (Il Pleut).

adgdsIl Pleut („Врне“ – е напишана со реченици кои паѓаат во вид на дожд)

 „Врне од женски гласови,
како да умреле и во меморијата,
и врнете и вие исто така,
прекрасни средби на мојот живот,
о ситни капки.

Тие облаци кренати на задните нозе
почнуваат да извикуваат
цел универзум од градови кои слушаат.

Слушај дали врне додека каење и презир
плачат на античка музика.
Слушај ги нишките како се распаѓаат,
кои те држат над и под.“

 

 

Читањето калиграм во споредба со обичната поезија е искуство кое го приближува читателот до емотивната состојба на поетот. Таа мешавина од слики исцртани со зборови создава сензација на нешто ново и досега невидено.

„Letre Ocean“ е на прв поглед слика, а дури потоа поетско дело. Формата на сликата се две кружни форми, едната “заклучена“ во квадрат а другата се изменува во вид на спирала. Заедно креираат слика која има кубистички елементи. Кога ќе се погледнат зборовите, односно формацијата на текстот, тој изгледа како Ајфеловата кула од птичја перспектива, а страничните реченици би требало да ги означуваат електромагнетните бранови на телеграфот (нов вид на комуникација во тоа време).

sdfdfgd dg

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ