624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodiiОВЕН

Работа – Им докажавте на колегите и на претпоставените дека сте вредни, храбри и предадени на работата. Спремни сте да одите подалеку, каде другите не можат. Заради тоа, сите ве почитуваат.

Љубов – Партнерот има некои очекувања од вас. Обидете се тоа да го испочитувате. Слободните овнови можат да очекуваат некои промени на емотивното поле.

Здравје – Можни се грчеви. Пожелно е да внесувате повеќе витамини.

БИК

Работа – На работа не ви е најдобро и тоа ве фрустрира. Наместо да се депресирате најдобро е да најдете начин и да ги решите проблемите кои ве мачат. Поразговарајте со колегите на кои им верувате и тргнете од таму.

Љубов – Напнати сте, но сепак наоѓате мир во емотивната врска. Постои шанса непромислено да влетате во некоја тајна врска. Ве советуваме да не влегувате во таква врска, можеби вие ќе бидете повредени или вие ќе го повредите вашиот партнер.

Здравје – Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Ве очекуваат позитивни промени на работното поле. Но за да дојде до нив, потребно е повеќе да се ангажирате.

Љубов – Сигурни сте во својата љубов кон партнерот но никако не успевате да ги покажете своите емоции. Вашите деловни незадоволства ги пренесувате и во емотивната врска а тоа влијае негативно. Слободните – ве очекува жежок флерт.

Здравје – Нервоза, срес и замор… одмарајте се повеќе.

РАК

Работа – Имате преголема доверба во колегите и соработниците а тоа не е добро за вас. Внимателно посматрајте ги луѓето околу вас. Внимавајте кому му верувате и кого го подржувате.

Љубов – Лекот за се го пронаѓате во прегратката на партнерот. Слободните ракови, треба да внимаваат, можеби погрешно ќе го разберат нечие однесување.

Здравје – Во текот на оваа недела ве прати замор. Релаксирајте се повеќе и внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Работа – Вие сте паметна, самостална и креативна личност. Колегите и претпоставените ги ценат вашите карактерни особини.

Љубов – Не си играјте со туѓите чувства, затоа што тоа може да ви се врати. Немате време за губење, или сте во врска или не.

Здравје – Проблем со очите.

ДЕВИЦА

Работа – Една личност во вашата фирма ви прави голем притисок. Разговарајте со неа и најдете начин како да ја решите лошата ситуација на работа.

Љубов – Емотивно сте неиспонети и тоа јасно го искажувате. Заради тоа, тешко ви оди со концентрацијата. Можно е да стапите во тајна врска оваа недела.

Здравје – Проблеми со циркулацијата.

ВАГА

Работа – Не превземајте премногу обврски, нема да успеете подеднакво квалитетно да ги завршите.

Љубов – Во текот на следнава недела, ќе имате одличен однос со саканата личност. Слободните ваги ги очекува интересно познанство преку интернет.

Здравје – Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Работа – Ви претстојат понуди за работа, но подобро е да размислите темелно, пред да се впуштите во нешто што не е во координација со вашето знаење и образование.

Љубов – Сте заборавиле како да ја покажете љубовта и довербата кон партнерот. Доколку тоа не го смените, вашиот однос ќе се залади. Бидете романтични, полетни и весели. Тоа ќе ја освежи вашата врска.

Здравје – Нервоза и стрес.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Претерувате со критиките и непотребните кавги на работа. Тоа нема никаде да ве однесе…размислете.

Љубов – Партерот бара повеќе внимание и посветеност. Тоа вас ве гуши. Разговарајте со него/неа за тоа.

Здравје – Внимавајте на бешиката.

ЈАРЕЦ

Работа – Покажете иницијатива и креативност. Вие сте способни за се, само потребно е да тргнете….

Љубов – Заљубени сте и отворено ги искажувате емоциите. Среќни сте и исполнети. Уживајте..

Здравје – Не сте во кондиција. Размислете за некоја спортска активност..

ВОДОЛИЈА

Работа – Доколку планирате да почнете сопствен бизнис, размислете за соработка со Овен, Бик или Девица..

Љубов – Ова е многу емотивна недела за вас. Уживајте во тоа.

Здравје – Проблеми со нозете и зглобовите..

РИБИ

Работа -Можно е оваа недела да слушнете големи критики на ваша сметка. Но многу е важно, на тие критики да гледате од позитивната страна, можат да ви помогнат во напредување на вашата кариера.

Љубов – Зафатените Риби ќе уживаат во прегратката на партнерот, а слободните, ги очекува авантура…

Здравје – Не ги игнорирајте тешкотиите кои ги имате, превземете сметка за своето здравје.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваH&M: Костими за капење 2016
Следна објаваЖенските усни како сликарско платно
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР