Сакате да избегате од напорното секојдневие. Само на 15 минути од Скопје во тетовското село Брвеница е сместен ресторанот Бакал.

Bakal_-_Brvenica_3 (2) (1)

Вистинско уживање за љубителите на убавата природа и добрата храна. Градината на ресторанот е посебно уредена, што остава впечаток како да се наоѓате далеку, на некое скапо егзотично место, за кое досега само сте сонувале, а не дека сте во Македонија.  Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој. Од сите страни во комплексот се простира зеленило и  хармонија од бои од убавите растенија. Специфични се мирисите на лаванда и алисиум кои максимално ве опуштаат. Ако сте имале напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.

Bakal novo 4

Целиот простор нуди максимална интимност, комплетно одделен од се друго надвор, а црвените ливчиња на фотиниите, разелените липи, расцветани хортензии, и други растенија и цвеќиња од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство.
Bakal novo

Овде храната е прекрасна и може да ги задоволи и оние најпребирливите. Персоналот е многу љубезен несвојствено за македонски стандарди. Тие ќе ви посакаат добредојде и ќе ве воведат во магијата која се создава во кујната на ресторанот Бакал. Ако сте вистински гурман и љубител на добрата храна тогаш ги имате сите предуслови за моменти на кои долго ќе се сеќавате. А од таму ни се нудат неверојатно вкусните јадења подгорче, капама, ѓомлек, но и свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба кои секој ден ги има на мени, величествениот татар бифтек и разни други домашни и интернационални јадења.Посетата на Бакал е одлична можностза да оставите впечаток кај вашиот бизнис партнер,или да ги наградите своите вработени. Со време резервирајте си маса на телефонот 070/28 38 45.

Bakal 2

„Животот е комбинација од магија и добра храна.“  А тоа го има во ресторанот Бакал.

3

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕксклузивна капсула колекција на Gucci!
Следна објаваНајубавата шминка и фризура на Канскиот фестивал 2016
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР