На 14.05. (сабота) во 13ч, ве покануваме на отворањето на првата самостојна фотографска изложба на Ерина Богоева под наслов “Street life in Europe”/ „Животот на улиците низ Европа“. Поставката ќе биде отворена во изложбениот простор на ЕУ Инфо Центарот како дел од програмата на Денот на Европа. Оваа изложба е организирана и во рамки на серијата „Културни приказни” на ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Модератор на отворањето ќе биде Огнен Јанески.

13180808_10153682425383741_1910655154_n (1)

Патувањата и фотографскиот апарат се јасна синергија за слики од спомените. Меѓутоа, фотографиите на оваа изложба не се поштенски картички на градовите низ кои поминале фотографот и фотографскиот апарат. Овие лични прикази се одраз на енергичниот живот на улицата низ Европа, понегош бучен, понекогаш самотен. А, она што им е заедничко е фактот што и фотографот и фотографскиот апарат не ги признава стереотипите: луѓето се едни и единствени. Само по некое познато обележје на фотографијата проговорува за посебноста на историјата и културата во оваа наша голема и шаренолика Европа.

13224296_10153682425613741_1074573524_o

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНешто сосема необично- (Песочна уметност)
Следна објаваИлустрирани мапи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ