009,,Колку долго би ја чекале љубовта?”

Како што самиот наслов имплицира, добитникот на Нобелова награда за литература прикажува креативен амалгам на две јасно спротиставени елементи: светоста на емоцијата и нејзиното олицетворено искуство во реалноста. Судејќи по непредвидливата суштина на Маркес, трансценденталната моќ на љубовта се јавува како најубаво изречена тема на ова сугестивно и парадоксално ремек-дело. Стационирано на самиот почеток на XX век, на едно анинимно карипско пристаниште се среќаваат првите зраци на потенцијална романса меѓу двајца средношколци – момче кое сеуште трага по својата самодоверба, и девојка која е отпорна на силата на гравитацијата.

„Нема поголема чест од тоа да умреш за љубов!“

Светската историја памети полоши работи од кобната колера… благородниот Маркес преку еден љубовен завет на кој му е потребен половина век да ја доживее својата реална симплификација отсликува колаж на пороци кои достигнуваат бројка од 622 афери, нетипични за меланхоличниот Флорентино Ариза; наспроти мирен сеемен потрет, каде Фермина Даса е среќно омажена со др. Хувенал Урбино каде притоа му подарува неколку деца – секој посега по свој начин да прости, да заборави. Но судбината не размислува на тој начин.. Флорентино си заветува себеси дека ќе чека Фермина да стане вдовица, притоа поставувајќи се како херојски благородник кој не би си дозволил да ја уништи честа на жената која ја сака.

„Во животот, мудроста доаѓа кога всушност, и веќе истиот нема потреба од неа…“

На кратко, Маркес ни сервира една анти-љубовна приказна која отстапува од неговиот „магичен реализам“, повеќе отрезнувачка и ослободена од секакви клишеа – магијата во овој роман е одлагањето, чекањето, бесконечноста. Љубовта заснована на платонизам која Флорентино ја негува кон Фермина, во своја принудно невозвратена форма претставува вечен столб и водечка точка за универзалното љубовно искуство, само по себе! Сместувајќи го овој роман веднаш позади „Ромео и Јулија“, „Тристан и Изолда“, „Гордост и предрасуди“, како една најсериозна љубовна сторија на долги патеки, градирана со подеми и падови, едно е јасно – човек никогаш не ќе се умори од љубовна приказна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМост по идеја на кралското семејство од Дубаи
Следна објаваАрс Ламина на Саемот на книгата 2015
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ