go

ОВЕН

Работа – Ве очекува позитивен одговор за продолжување на една деловна соработка.  Ќе решите дел од финансиските проблеми кои долго време ве оптеретуваа.

Љубов – Имате големи проблеми со љубомората, не знаете да се контролирате. Обидете се да ја смирите топката или ќе имате големи проблеми со саканата личност.

Здравје – Болки во мускулите.

БИК

Работа – Доминирате во односот со партнерите и го имате главниот збор. Сите ќе ги слушаат вашите наредби. Поволен период за започнување на приватна работа.

Љубов – Во овој период многу брзо, лесно и без каење ке ставите крај на една врска. Време е да свртите нов лист во вашиот живот.

Здравје – Проблеми со дебелото црево заради насобрани токсини и отрови во организмот. Исфрлете ги цигарите и алкохолот.

БЛИЗНАЦИ
Работа – Ве очекува зголемен обем на работа, па ќе изгубите претстава за времето.  Најдете начин да се одморите и релаксирате, без разлика на големите обврски кои ги имате.

Љубов – Нема некои драстични промени на љубовното поле. Можеби, некои мали несогласувања со саканата личност. Тие кои се слободни, можат повторно да воспостават контакт со поранешниот партнер.

Здравје – Сериозно треба да внимавате на здравјето во овој период, посетете го својот доктор и проверете ја крвната слика. Поработете на имунитетот.

РАК

Работа – Ако планиравте нов проект, најдобро е тоа да го направите кон крај на месецот. Неколку денови подоцна ќе биде доцна. Сега се зависи од брзината и вештината на вашите реакции.

Љубов – Ве очекува фатална љубовна врска со една посебна личност. Во вас се будат заспаните страсти.

Здравје – Внимавајте на видот. Можни се главоболки и зголемен очен притисок. Посетете го очниот лекар.

ЛАВ

Работа – Ве очекуваат проблеми доколку се занимавате со приватна работа. Бидете спремни на сите ситуации, наоружајте се со истрајност и трпение! Ке победите.

Љубов – Имате силни емоции кон сегашниот партнер, но некако не ви успева да ги покажете на прав начин.  Реагирате конфликтно, затоа што сте суети и со тоа го збунувате партнерот.

Здравје – Многу е важно да внимавате на репродуктивните органи, посебно за припадничките на женскиот пол.

ДЕВИЦА

Работа – Бидејќи Меркур има негативно влијание во овој период, можете да очекувате бројни компликации во комуникациите со колегите.

Љубов – Важно е каков став ќе завземете кон својот партнер, од тоа зависи и каков ќе ви биде следниов период. Доколку бидете нервозни и конфузни, такво расположение ќе се пренесе и на вашата врска.

Здравје – Можни се проблеми со органите за дишење или со алергиски реакции.

ВАГА

Работа – Обидете се да не влегувате во финансиски ризици, овој период. Ќе направите големи губитоци и кобна грешка. Не е време за коцкање од било каков вид, не дозволувајте било кому, да ве вовлече на тоа.

Љубов – Ако сте во емотивна врска без траен карактер, можно е во текот на овој период, да кружат бројни трачеви за вас.

Здравје – Често го менувате расположението, емоциите ви варираат и оптеретени сте со разни проблеми. Соочете се со депресијата и несоницата.

ШКОРПИЈА

Работа – Максимално сте посветени на новиот деловен проект кој сте го смислиле. Не сакате ништо да ви застане на пат. сакате да докажете дека можете се. Сепак бидете реални во очекувањата.

Љубов – Многу сте емотивни и имате силна потреба да бидете постојано со саканата личност. Претерувате. Но кога вие сакате, вие немате лимит!

Здравје – Мали проблеми со нискиот притисок и вртоглавица.

СТРЕЛЕЦ

Работа – На деловно поле се тече вообичаено. Но без разлика на тоа, вие имате константно чувство на загриженост, како да чекате некој проблем да излезе.

Љубов – Заради минливи страсти, ќе расипете старо пријателство, а потоа ќе се каете. Правите лоши емотивни избори.

Здравје – Под голем притисок сте од сите страни. Можни се мали проблеми со зголемена температура.

ЈАРЕЦ

Работа – Ќе бидете изненадени од вашите колеги, колку се спремни да ви излезат на помош. Немавте некое високо мислење за нив, па сте малку засрамени. Во секој случај, пријатно сте изненадени.

Љубов – Ситуацијата е сосема стабилна, а вие конечно го кажавте тоа што ви лежеше на срце долго време… Парнерот ви дава потполна подршка во се…

Здравје – Поволна ситуција на здравствено поле. Ја испразнивте насобраната негативна енергија и фрустрации. Се препорачува поголема физичка активност.

ВОДОЛИЈА

Работа – Ќе имате поголеми проблеми во комуникации со претпоставените, кои  веќе не гледаат со сипматии на вашите пропусти. За да ја  вратите нивната доверба, морате максимално да с епотрудите и жртвувате.

Љубов – Саканата личност ви покажува дека е лута на вас и тоа со добра причина. Овој пат, нема да се извлечете на вашиот шарм, туку морате да покажете дека сте зрели и одговорни, спремни да се соочите со проблемите.

Здравје – Проблеми со забите, внимавајте на хигиената и одите на редовни контроли на забар.

РИБИ

Работа – Овој деловен период ви е многу поволен и нема потреба да се сомневате во тоа! Максимално активирајте се да ги оставрите своите цели, и резултатите ќе бидат дупло подобри  отколку што очекувавте.

Љубов – Размислувате за заедничко патување со саканата личност, заедно правите планови и мечтаете. Не дозволувајте се да остане само во воздух, туку направете нешто конкретно.

Здравје – Доколку до сега имавте проблеми со вените и циркулацијата во нозете, сега состојбата бара, веднаш да се јавите на доктор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈа најдовме за вас, најдобрата работа на светот!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (03.05 – 08.05)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР