WOW Air е авионската компанија која ова лето ќе запосли 4 лица, кои бесплатно ќе патуваат по светот и ќе објавуваат разни свои случувања на Snapchat, од јуни до август. Исландската компанија на своите “SnapTravelers” ќе им понуди 4 дестинации од можните 28, меѓу кои се наоѓаат Барселона, Рим, Аликанте, Гран Канариа, Тенерифе, Вашингтон, Лос Ангелес, Сан Франциско и многу други. Хотелите и пропратните активности, ги плаќа компанијата.

SnapTravelers  ќе добијат и џепарлак за 3 до 8 дена, за кое време мора да објават минимално 2 вредни активности на Snapchat. Морате да имате повеќе од 18 години, добро да зборувате англиски и да бидете во добро физички и ментално здравје – други барања нема.

За да се пријавите за оваа работа, треба да креирате 2 минутна приказна на Snapchat и да ја пратите на слижбените страни на WOW Air до 8 мај, со лични податоци и e-mail адреса – Со среќа!

mountains-690754-1280 photographer-1031393-1280

city-1284260-1280 hipster-865295-1280

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДрвени ламби приспособливи на секоја дневна соба
Следна објаваХороскоп од 02.05. – 08.05.2016 година!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР