3

Повеќето луѓе се соочуваат со дилемата како да добијат дополнителен простор за сите работи кои сакаат да ги сместат во својот дом, а притоа истото да биде со стил. Големината на станот е од особено значење, но само кога знаете како паметно да ја искористите расположливата квадратура. И малото може да биде убаво, едноставно и практично, доколку умеете да го извлечете најдоброто од него. Совршена потврда дека димензиите не пречка за функционален и стилски дом, е овој мал стан со вкупна површина од само 30 метри квадратни. Идејата и планот за уредувањето на ентериерот е дело на дизајнерот Антон Зайцев, а може да се пофали со многу комфор вдахнат во малку квадрати. Се’ e одлично организирано, сложено по мера и компактно, а покрај паметниот распоред и добриот дизајн, станот е и мошне пријатен за живеење. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од идеите кои ги нуди.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15

НЕМА КОМЕНТАРИ