Втора година по ред, модниот бренд Bitsiani подготви каталог со предлози за матурскиот изглед на момците. Во таканаречениот стилски водич за матуранти може да се најдат десет предлог комбинации соодветни за матурската вечер, но и за летните денови и вечери кои доаѓаат.bitsiani-nov-stilski-vodic-za-maturanti-001

Интензивните бои, карактеристични за Bitsiani повторно се присутни кај палтата, панталоните, чевлите и додатоците. Оваа сезона особено интересна е црвената, која може да биде присутна кај едно парче или пак како целосна комбинација. За посмирен, но сепак модерен изглед тука се и светлите, нежни нијанси кои се убаво освежување во целата колекција и се лесни за комбинација на различни парчиња. Освен посвечените модели на костуми, панталони и блејзери, за матурската вечер дозволени се и за нијанса полежерни комбинации – без палто и со малку поспортски чевли.

Bitsiani (1)

Момците кои се облекуваат во Bitsiani знаат дека деталите се клучни за комплетен изглед, па затоа во стилскиот водич можат да добијат интересни идеи како да ги вклучат во своите комбинации на необичен и уникатен начин. Џебните марамчиња, вратоврските, чевлите, ремените во боја и нивното взаемно комбинирање во однос на боите и дезените, се секогаш добар начин да се добие разигран и младешки изглед.

Bitsiani (5)

И оваа година главната ролја во матурскиот водич ја има Вања Трампевски од агенцијата Подиум, додека пак за фотографија беа задолжени тандемот фотографи Ани и Дими, а за шминката се погрижи Зоран Шурбевски. Како локација за фотосесијата се јавува шармантниот простор на винаријата Камник.

Стилскиот водич за матуранти ќе биде достапен во продажните места на Bitsiani, и на уште неколку соодветни локации низ градот.

Bitsiani (7)

Момците кои се облекуваат во Bitsiani знаат дека деталите се клучни за комплетен изглед, па затоа во стилскиот водич можат да добијат интересни идеи како да ги вклучат во своите комбинации на необичен и уникатен начин. Џебните марамчиња, вратоврските, чевлите, ремените во боја и нивното взаемно комбинирањево однос на боите и дезените, се секогаш добар начин да се добие разигран и младешки изглед.

Bitsiani (8)

И оваа година главната ролја во матурскиот водич ја има Вања Трампевски од агенцијата „Подиум“, додека пак за фотографија беа задолжени тандемот фотографи Ани и Дими, а за шминката се погрижи Зоран Шурбевски. Како локација за фотосесијата се јавува шармантниот простор на винаријата Камник. Стилскиот водич за матуранти ќе биде достапен во продажните места на Bitsiani, и на уште неколку соодветни локации низ градот.

Bitsiani (2)
detali
detali (3)Bitsiani (9)Bitsiani (10)Bitsiani (6)

Bitsiani (3)

detali (2)

detali (1)

detali (4)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДизајнирани геометриски тетоважи за уметничките души
Следна објаваМала и стилска гарсониера [20 м2]
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ