Продолжение на филмот од 2002 кое ќе ве насмее и расположи исто како и првиот дел.

1

Во главните улоги повторно се појавуваат Тула (Ниа Вардалос) и Иан (Џон Корбет), но овојпат има и нови ликови. Во центарот на вниманието е нивната проблематична ќерка Париз која не се согласува со грчките традиции на воспитување. Тула и Иан се обидуваат да ја вратат роматиката во својот брак, а истовремено Тула треба да се грижи за нејзините постари родители и да ја одржува врската со сите нејзини роднини.

3
4

Во моментот кога се дознава една голема семејна тајна која сите ги шокира, целото семејство се подготвува за уште поголема грчка свадба.

Според критичарите, филмот е одлично продолжение на првиот дел кој ја освои публиката. Интересна комедија за блиските семејни врски, проблемите со кои се соочуваат сите брачни парови кои се долги години заедно, како и секојдневните маки на родителите со нивните бунтовни тинејџери.

2

Премиерното прикажување на „Мојата голема грчка свадба 2” пред македонската публика бешe на 31.03.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

НЕМА КОМЕНТАРИ