Тродимензионалните картички на Bogdan Zolochevsky се нешто повеќе од обичен подарок. Изработени со многу љубов и внимание, го пренесуваат подарувањето на повисоко ниво.

Картонските тродимензионални картички се детална реплика на познати архитектонски ремек-дела. Најпрво се изработуваат со многу мали димензии. Потоа секој дел е ласерски сечен од високо квалитетен картон. Спојувањето на деловите е навистина комплицирано. Рамната картичка треба да се претвори во тродимензионално уметничко дело.

1 2 3 4 5 6

НЕМА КОМЕНТАРИ