Занемарувајќи ја непредвидливоста на секојдневието, циркулирајќи заедно со стресорите и заборавајќи на оние работи кои ни се од есенцијално значење, функционираме монотоно, напорно и програмирано. Се додека не ни се случи некој огромен „БУМ“ кој ќе не потсети на вистинските животни вредности.

Да Ве запознаеме со една навистина храбра дама,  Megan Sullivan. Оваа дама во рок од еден месец падна од височина на 15-тина метри качувајќи се на планините во Националниот парк „Yosemite“, ја чукнал автомобил и и бил дијагностициран канцер на кожа. По две недели, оваа дама решава да ги посети седумте светски чуда и тоа во тринаесет дена.

Еден месец е сосема доволно да го промени целиот Ваш живот. Соочувајќи се со непредвидливоста со која животот си поигрува со нас, Megan решава да започне да живее по свои правила и да си ги исполнува своите соништа. Таа потенцира дека секое оправдување кое Ве дели од Вашиот сон е всушност безсмислено. Никогаш нема да имате доволно пари да отпатувате некаде, секаде ќе ги имате старите обврски и новите долгови, но погодете што? Времето минува, а со тоа и Вашите шанси…

Погледнете ги фотографиите на Megan и Седумте Светски чуда.

1

2

3

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Ореов лад”- од ан до престижен ресторан!
Следна објаваЗаводничката Kristen Stewart во кампањата на Chanel “Paris in Rome”!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР