1

Позната козметичарка Шарлот Тилбери лансираше сопствена колекција на кармини инспирирани од познати дами и во соработка со секоја од нив посебно. Кармините на Тилбери веќе одамна се популарни во Холивуд, па оваа соработка беше очекувана. Секоја позната дама си има своја нијанса на кармин, инспирана од нејзиниот личен сензибилитет и карактер, па секој кармин го носи нивното име. Колекцијата има и хуманитарен карактер со тоа што дел од продажбата ќе биде дониран во фондацијата Women for Women International, која работи на решавање на општествените и економски потешкотии на жените. Дел од дамите вклучени во соработката се: Кара Делевињ, Сиена Милер, Ким Кардашијан, Синди Крафорд, Миранда Кер и др.

2 3 hot-lips-kate hot-lips-miranda-1

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Claire de Lune”, најновата колекција на чевли на Christian Louboutin
Следна објаваПосета на филмските локации на Amelie
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР