Освен што астрологијата нуди совети и кажува каков ќе ви биде денот, неделата, годината и слично, може да ви помогне и при начинот на исхрана. Астрологот Жилиан Новс тврди дека ѕвездите влијаат на тоа каква храна треба да внесувате. Прочитајте повеќе во продолжение.

nasl

ОВЕН

Овновите се спремни да започнат нов режим на исхрана од кој ќе очекуваат брзи резултати, но и брзо губат интерес. За нив е важно да има со кој да се натпреваруваат бидејќи тоа ќе им даде дополнителна мотивација. Овнови, фокусирајте се повеќе на протеини, отколку на јаглени хидрати.

БИК

Биковите сакаат да јадат, па гладувањето не им оди баш од рака. За нив е најдобро да јадат здрава храна во умерени порции, наместо да држат строга диета. Еднаш кога ќе одлучат да се придржуваат кон здрава исхрана, нема лесно да се откажат. Главен совет е да избегнуваат тешка храна и храна богата со шеќери.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците сакаат да прават повеќе работи одеднаш, па за нив идеална комбинација е диета и вежбање. Со оглед на тоа што се постојано активни, лесно согоруваат калории, па оваа комбинација не им претставува посебен проблем. Сепак, пожелно е почесто да јадат домашно подготвени оброци и тоа некаде каде што ќе седнат, отколку храна за носење, „од нога”. Треба да избегнуваат брза храна.

healthier-smoothie-722x406

РАК

За Раковите е познато тоа што во храната често знаат да бараат утеха, а знаат да јадат повеќе кога се под стрес. Односот кон храната им е многу важен. Треба да научат да одолеат на некои искушенија, особено на десерти со многу калории и да не конзумираат нездрава храна.

ЛАВ

За Лавовите е важно да се задоволни со самите себе и диетата да им овозможи уште поголема самодоверба. Новите начини на исхрана ги прифаќаат со ентузијазам, а имаат доволно сила за да ги издржат. Совет за нив е богатите сосови да ги заменат со полесни маринади.

ДЕВИЦА

Девиците се практични и методични. За нив, планот за исхрана е многу важен, па често знаат и да водат дневник со посебно внесени хранливи вредности во денот. Не сакаат брзи диети и склони се кон совршенство што значи дека се престроги кон себе. Најдобро е да конзумираат органска храна со која ќе избегнат алергии.

ВАГА

Покрај толку многу диети, на Вагите им е тешко да се одлучат само за една. Често менуваат начини на исхрана бидејќи им станува монотоно. Имаат доволно мотивација да ги следат првилните навики во исхраната. Совет за нив е да бираат храна богата со калиум, како банана, риба и јогурт.

Almonds with oranges, chocolate and mint leaves

ШКОРПИЈА

Шкорпиите имаат насилна волја од сите хороскопски знаци, па нив лесно им оди да следат строг режим на исхрана. Ќе направат се што е можно за да ги постигнат посакуваните резултати. На крај, ќе уживаат во комплиментите од останатите на сметка на нивниот изглед. Треба да внесуваат повеќе сирова храна.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците уживаат да си поставуваат високи цели и да ги достигнат, но може да изгубат желба доколку не забележат резултати веднаш. Воздржувањето може да им падне тешко бидејќи се склони кон претерување. Павлаката, солта и шеќерот имаат и поздрави замени, па обидете се да се придржувате кон ова правило.

ЈАРЕЦ

Јарците сакаат постојано напредување кон целта. Тие не бараат успех преку ноќ. Откажувањето од одредена храна воопшто не им претставува проблем, но сепак не треба да претеруваат со престроги диети. Калциумот е посебно важен за овој хороскопски знак.5

ВОДОЛИЈА

Водолиите се иновативни и оригинални, па така често одбираат необични начини за одржување на витката линија. Ако одреден начин на исхрана го прифатат како начин на живот, веќе ништо нема да им биде проблематично. Знаат кога да престанат со јадење, но треба малку повеќе да внимаваат на алкохолот.

РИБИ

На Рибите им е многу тешко да го пронајдат вистинскиот начин на исхрана, а уште потешко им е да истраат. За нив е најдобро да направат комбинација од здрава диета со вежби како танцување, јога или медитација. Треба да внесуваат поголемо количество на течности.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто да спакувате во вашиот куфер ако одите на викенд?
Следна објаваKendall Jenner на насловна на Vogue!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ