Париз е градот на светлината, Њујорк е градот на слободата, а Даблин е градот на среќата.

Среќа, не само за љубителите на ирските пабови, туку и библиофилите, сите оние кои мечтаат и се чувствуваат сосема пријатно меѓу жолтите страници.

0

Колеџот Тнинити во Даблин крие цела одаја на книги меѓу своите ѕидини. Изградена меѓу 1712 and 1732, библиотеката може да се пофали со толку многу пополнети полици, што не за џабе го носи епитетот најголема во Ирска. Во 1801, на оваа огромна одаја и беше овозможено да добие бесплатна копија на сите издадени книги во Ирска и Британија. Со други зборови, рај за секој вљубеник во англистиката.

1

Покрај тоа што е најголема, таа може да се пофали со Тhe Book of Kells, која е напишана пред 1200 години од страна на калуѓери и е едно од највредните литературни дела досега.

2 3 4 5 6

Бибилиотеката е толку убава, што не би посакал никогаш да излезе. Дрвото кое доминира во ентериерот, неговиот мирис, шушкање на страниците и академската строга атмосфера ќе Ве натераат да се запишете на овој ирски колеџ.

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСаем на луксузни брендови на часовници се одржа бо Базел, Швајцарија
Следна објаваНедела програма во Public Room
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР