Елена Ефремова е уметник од Русија, која стана популарна со илустрациите на мачки нацртани со кафе (можете да ги погледнете тука).

Овој пат создава слики со водени бои, кои совршено се вклопуваат со пејзажот. И покрај нејзиното руско потекло, живее во Франција, а моментално престојува во Шведска. Без разлика каде се наоѓа ја овековечува локацијата со овие слики кои потоа ги вметнува во вистинскиот пејзаж. Крајниот резултат е фотографија која изгледа многу поинтересно отколку оригиналниот амбиент.

Елена ги црта сликите надвор, во истиот момент кога е и самата таму. Тоа и овозможува да ја долови суштината и спонтаноста на ситуацијата.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР