Станува збор за повеќе од успешно книжевно дело во кое претставата на обидот автентично да се живее постојано е надвладувана од неавтентичното постоење и на телото и на умот… “ е пресудниот момент кој го избра „Роман на годината“ за 2015, односно го закити младиот Петар Андоновски со највисоки книжевни почести за „Телото во кое треба да се живее“. Опишан како токсични цветови на деликатниот морал, овој роман всушност по втор пат се најде во најтесен избор за оваа награда која што ја доделува Утрински весник („Очи со боја на чевли“ во 2013 година).

.1.

Во конкуренција на 39 романи, храброто навлегување во психологијата на сопствените ликови младиот Андоновски го прави мошне умешно. По сопствена психологија, тој изјавува дека никогаш не помислил дека ќе создаде втора книга, особено не по успехот на првенчето „Очи со боја на чевли“. Без поддршка од Министерството за култура, првиот роман го објавува „Кликер книги“, додека вториот е во издание на „ИЛИ-ИЛИ“ каде што истиот го следи интересна приказна што романот се продаваше по цена од 50 денари, колку што чини и печатењето на самата книга.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделна програма во Public Room
Следна објаваMinnie Mouse машните и точките, се апсолутен хит на сезонава!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР