Асоцијација за спокој и рекреативност главно насочена кон интровертите кои во најголема мера и најубавиот сончев ден и најмрачниот дождлив ден ги перцепецираат поеднакво адекватни за шолја чај и добра книга е токму овој проект кој се реализираше во Канада минатиот ноември.

The Story Pod е продукт на архитектонското студио Atelier Kastelic Buffey по нивна дефиниција е компактна мобилна библиотека изработена од дрво и челик, дополнета со мек простор за седење, а сместена е во срцето на зеленилото на Главната улица во градчето Њумаркет во Торонто. Она што ја прави преубава и посакувана е токму нејзината идеја да ги повика сите вљубеници во книгите да уживаат надвор од дома, како и самото споделување како најдобар пример да се збогатат (малкуте) зелени површини и паркови низ светот. Затоа што, многу добро знаеме, не сме сите поеднакво наклонети кон спорт, исто како што не сме пасионирани тренд-сетери за да бидеме видени во најпопуларните кафе-тераси во градот.

1 2 3 4 5 6 7 8 9

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделна програма во Јавна Соба
Следна објава“Claire de Lune”, најновата колекција на чевли на Christian Louboutin
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР