Кокосовото масло има многу примени. Освен што може да се користи за готвење, има голема примена и во козметиката и негата на кожата. Во продолжение прочитајте дел од начините на кои можете да го користите кокосовото масло и зошто е паметно да го купите уште веднаш.

nasl

Отстранување шминка

Нема потреба да купувате скапи производи за отстранување шминка. Кокосовото масло не предизвикува никакви алергии, а ѝ дава и дополнителна хидратација на кожата.

Лосион за тело

Кокосовото масло ја негува и омекнува кожата на телото и ѝ дава посебна, убава арома.

Young Woman Applying Lip Balm

Балзам за усни

Наместо обичните балзами за усни, нанесете малку кокосово масло на усните. Ништо не е подобро од природното, нели?

Маска за коса

Откако ќе ја измиете косата, втријте малку кокосово масло во неа и оставете да отстои 10 минути. Потоа исплакнете. Косата ќе ви биде мазна и сјајна.

3

Крем за лице

Некои од најдобрите кремови и маски за лице во својот состав содржат кокосово масло, особено оние наменети за сува кожа. Наместо крем, со прстите нанесете малку од маслото на кожата на лицето. По неколку дневна употреба ќе забележите позитивни резултати.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРеалистични цртежи на диви животни
Следна објаваМЛАДАТА ГЕНЕРАЦИЈА ИМА НОВ СОН
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ